24 Септември, 2017
0.4030
    ALK 7297.6    -0.03%     GRNT 870    -0.99%     KMB 2883.3    -1.59%     KPSS 485    -2.81%     KVAS 10670    -3%     MPT 30201    -2.58%     MTUR 4700    2.17%     OKTA 3300    10%     PKB 14500    0.07%     RZUS 120    -1.64%     SBT 2219.26    -0.89%     STB 938.54    -1.78%     STIL 134    3.08%     TEL 279    -0.49%     TNB 13300    0.4%     TPLF 1601    -0.32%     TTK 776    -3%

ИНТЕРВЈУ Гоце Вангеловски, Кроација осигурување – неживот: Осигурителниот пазар допрва ќе стане атрактивен!

Објавено во: Финансии 18 Декември, 2014

Со оглед на релативно високиот процент на неосигурани моторни возила, и релативно слабата заинтересираност за другите типови и класи на осигурување, впечатокот за свеста за осигурување кај македонското население не е на задоволително ниво, вели во интервју за Фактор првиот човек на Кроација осигурување - Неживот Гоце Вангеловски.  Тој смета дека со заеднички сили и напори треба да се потрудиме да се зголеми свеста на граѓаните за осигурувањето, бидејќи бенефитите се двонасочни. 2014 Година ја карактеризира како успешна, со стабилен напредок и во неживотното, а уште повеќе во животното осигурвање. Вангеловски смета дека осигурителниот пазар допрва ќе станува атрактивен, осбено ако се погледнат бројките во соседството и регионот. Фактор Како што се приближува крајот на 2014 та година, можат ли да се сумираат резултатите? Каква беше годината за осигурителниот бизнис во Македонија? Вангеловски Генерално и пред крајот на годината може да се констатира дека ова беше успешна година на пазарот на осигурување во Македонија. Сумираните резултати на крајот на Q3 кажуваат дека животното осигурување расте со околу 20%, додека неживотното со околу 4% раст што претставува вкупен раст на осигурителниот пазар од околу 6%. 2014 година за осигурителниот бизнис во Македонија се покажа во кoнтинуитет како повторна успешна година која бележи напредок карактеризиран со стабилност и раст како во животното така и во неживотното осигурување, земајќи ги во предвид резултатите. На обележувањето на денот на осигурувањето 1-Ноември организирано од страна на регулаторното тело Агенција за супервизија на осигурување беше напоменато дека друштвата за осигурување со солвентни, одржани се вредностите на капиталот на друштавата во висина потребното ниво, се зголемува обемот на производите кои се нудат, друштвата остваруваат приходи, кој коментар се должи на растот во континуитет. Фактор Што велат резултатите за Кроација осигурување – Неживот? Колку сте задоволни? Вангеловски Годината која изминува во нашето друштво, може да се карактеризира како година на внатрешни реструктуирања, конкретно на превземање јасни и конзистентни чекори во насока на усогласувања со Групацијата и целосна рационализација на работењето на компанијата. Главен фокус беа активностите во внатрешноста на Компанијата кои беа неизоставен предмет на промени,  потребни за исполнување на понатамошните стратегиски цели, активности и развој. Секако дека овие рестуктуирања се направени во насока на обезбедување квалитетна услуга на клиентите, која на компанијата ќе и гарантира одржлив и профитабилен раст. Дополнително потребно е да се напомене дека во оваа година се спроведува и заеднички настап на пазарот со сестринската компанија Кроација осигурување Живот, како и јакнење на брендот и довербата на Кроација осигурување на пазарот. Секако достапноста на клиентите е една од приоритетните задачи на компанијата, па поради тоа реконструктуирањето на компанијата ќе продолжи и во следниот период. Тоа претпоставува ангажирање на висококвалитетни професионалци и интенцијата е околку 70% од вработените да работат во делот на продажба и услуга на клиентите. МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР ИМА ГОЛЕМ ПОТЕНЦИЈАЛ Фактор Како го оценувате македонскиот осигурителен пазар во споредба со земјите во регионот? Вангеловски Македонскиот осигурителен пазар е помал пазар со слабо искористен потенцијал во однос на западноевропските земји како  и  во споредба со земјите во регионот и опкружувањето од една страна. Од друга страна горенаведеното меже да се перцепира како голем потенцијал за раст и развој на осигурителниот бизнис во земјата. За илустрација просечната премија од човек изнесува околу 60 евра годишно, што гледано од аспект на регионот представува релативно ниска премија и не претставува значително голем влог. Во најголем дел најзастапено е задолжителното осигурување каде граѓаните се законски обврзани за склучување на овој вид на осигурувања. Горенаведеното допринесува да учеството на задолжителните осигурувања  на македонскиот пазар е над 45%. Од друга страна исклучително ниско е нивото на осигурување на станови. За жал не постојат некои официјални податоци за бројот на осигурани станови, на анализите и претпоставките кажуваат дека тој процент е некаде околу 5-6%, што претставува голем потенцијал за раст во овој сегмент. Во споредба со регионот констатациите се слични како што предходно кажавме. Во Словенија која по бројот на жители е слична како Македонија, бруто домашниот производ е повисок за околу 4,5 пати, премијата по жител изнесува околу 1000 евра, односно околу 16 пати повеќе од Македонија.Слична е состојбата и во Хрватска, каде просечната премија по жител изнесува околу 250 евра, во Грција каде премијата е околу 350 евра по жител. Секако има земји во регионот кои се слични и на Македонија. Пример просечната премија во Србија изнесува околу 100 евра по жител, во Бугарија околу 120 евра по жител, додека во Романија 80 евра по жител. Како најсветли примери во осигурувањето во Европа се земјите од Западна Европа и Скандинавските земји каде годишната премија по жител изнесува од 2000-4000 евра. Ова не би требало да се заклучи во негативна конотација, напротив треба да претставува повик до осигурителните компании во Македонија, со цел да се работи поинтезивно на едукацијата на населението за потребата и користите од осигурувањето,  и на еден транспарентен и отворен начин да се искомуницираат со клиентите бенефитите од склучување на договори за осигурување. Фактор Како финансиската и економската криза се одрази на осигурителниот пазар во земјава? Вангеловски Генерално економската криза е добро поднесена на осигурителниот пазар. Согласно податоците од Агенција за супервизија на осигурување капиталната адекватност на компаниите како и солвентноста на компаниите е на задоволително ниво и не би требало да се очекуваат негативни настани во осигурителниот сектор. Но мора да се напомене дека осетлив е делот на наплататана побарувањата. За жал делумно од влијанијата на финансиската и економска криза, делумно од односот на клиентите кон осигурителните компании , а мора да се напомене и либералниот однос на осигурителните компании кон оваа проблематика, може да се констатира дека е високо нивото на ненаплатени побарувања. Сепак со оглед на последните измени на регулативата од страна на Агенција за супервизија на осигурување , како осигурителни компании сме приморани да водиме поголема грижа за наплата на побарувањата. Во Кроација осигурување успеавме во текот на 2014 година да го намалиме нивото на ненаплатени побарувања за околу 1/3, што има исклучително добро влијание на ликвидноста на компанијата, како и на стратегијата на компанијата  за брзо, ефикасно и коректно исплаќање на штети. ЦЕНИТЕ ЗА АВТООДГОВОРНОСТ СЕ МЕЃУ ПОНИСКИТЕ ВО РЕГИОНОТ Фактор Возачите во Македонија реагираат на високите цени на осигурувањето од автоодговорност. Агенцијата за супервизија на осигурување објави дека веќе започнува анализи и консултации за тоа како да се либерализира овој сегмент на пазарот. Колку според Вас либерализацијата ќе донесе пониски цени на овој тип на осигурување? Вангеловски Според моето мислење цените на осигурувањето од автоодговорност не се превисоки, и се едни од пониските во регионот. Просечниот износ на полисата за АО во Македонија изнесува околу 90 евра, во Хрватска пред либерализацијата на пазарот на задолжителни осигурувања изнесуваше околу 200 евра (во моментов околу 150 евра), а во Босна и Херцеговина и Црна Гора изнесува околу 130 евра. Точно е тоа дека Агенцијата за супервизија на осигурување како регулаторно тело веќе е во тек на реализација на проект со Светската Банка, околу добивање техничка помош за тоа како најлесно да се спроведе либерализација за автоодговорност, односно најлесен начин да се либерализира пазарот. Либерализацијата на автоодговорноста е нужност која мора да се спроведе во Македонија во согласност со EU законоводството EU регулативите. Лично сметам дека либерализацијата е добар механизам за фер натпревар на осигурителните компании  во земјата и може да се очекуваат добри бенефити за клиентите не само од аспект на цените, туку и од аспект на покритијата кои би ги добиле осигурениците. Но исто така желбата на осигурителните компании за што поголемо превземање на пазарот може да предизвика драстично намалување на цените, а во најлош случај и спреченост за исплата на штети. Како ектремен пример може да се спомне примерот со либерализацијата во Албанија, каде падот на премијата беше исклучително голем, од 80 евра на 55 евра, а исплатата на штети зголемена. Поради тоа потребно е либерализацијата на пазарот на задолжителни осигурувања да се спроведе на контролиран начин со голема инволвираност на Агенција за супервизија во осигурување, во согласност со добрите практики  кои некои држави ги спроведоа, а се со цел да не би настанале  несакани ситуации  како симнување на цените на автоодговорност на ниско ниво, па да дојде до нарушување на пазарот и ликвидносни проблеми на друштвата за осигурување. Секогаш е тежок сегментот на усогласувања на бизнис делот и проценка на ризици, поради тоа не смееме да дозволиме без правила да се формираат цените на автоодговорноста на штета на компаниите. СООДВЕТНО РЕШЕНИЕ ЗА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈАТА Фактор Европската комисија во последниот извештај нотираше дека либерализацијата на пазарот на осигурување на моторни возила е одложена за да се заштитат интересите на осигурителните компании. Дали е тоа точно? Вангеловски Да, тоа е точно дека се одложува либерализацијата на пазарот на осигурување поради заштита на интересите на осигурителните компании но сето тоа нема да е долгорочно. Со оглед на тоа како што кажав во предходното поставено прашање е дека треба да се спроведе контролиран начин во согласност со европските регулативи да не би настанале несакани ситуации, како пад на цените за автоодговорност на ниско ниво и проблеми со ликвидноста на друштвата што е од клучно значење за цел осигурителен сектор. Се изнаоѓаат начини за најсоодветно воведување на либерализацијата на осигурителниот пазар, и како компанија се надеваме на изнаоѓање соодветно решение кое ќе ги задоволи потребите и на компаниите и на нашите осигуреници. Фактор Проценките се дека 4% од автомобилите кои се возат во Македонија се неосигурани. Што е причината за овој релативно висок процент во споредба со останатите земји од регионот и Европа? Вангеловски Точни се проценките дека 4% од моторните возила во Република Македонија се неосигурани истовремено и нерегистрирани. Мора да се знае дека проблемите и непријатните ситуации при штетен настан со неосигурани, односно нерегистрирани возила најмногу ги чувствуваат останатите учесници во сообраќајот и Гарантниот фонд, а преку фондот и друштвата за осигурување. Тој процес се одвива ланчано, односно од Гарантниот фонд се исплаќаат материјалните и нематеријалните штети, кои се предизвикани од неосигурени возила,  а притоа друштвата за осигурување го финансираат фондот. Македонската законска регулатива во однос на европската е во поголем дел усогласена. Закон за супервизија на осигурување и Закон за задолжително осигурување во сообраќајот се двата закони кои ние како компании се придржуваме кон нив, но исто така се засегнати и осигурениците. Оној процент на граѓани кои не ги осигурува и регистрира возилата се оние кои губат многу повеќе отколку да се придржуваат кон Законите, бидејќи при причинување на штетен настан, согласно законот тие мора да ја надоместат штетата што ја предизвикале а притоа може да е повеќе пати повисока од полисата за автоодговорност. Лично според мене сметам дека причините се финансиската и материјалната состојба на граѓаните и развиената култура и свеста за осигурувањето. Споредбено со земјите од регионот бројот на неосигурани возила е висок, покрај причинителите на штетните настани губи и буџетот на државата и осигурителните компании, а најмногу губат оние кои причиниле штета со неосигурано возило, со оглед на фактот дека ваквите штети се по дефиниција регресни штети и се на финален терет на причинителот на штетата. СЕ СТРЕМИМЕ ДА СЕ ЗГОЛЕМИ СВЕСНОСТА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ Фактор Каква е свеста на Македонците за потребата да се осигураат? Вангеловски Со оглед на релативно високиот процент на неосигурани моторни возила, и релативно слабата заинтересираност за другите типови и класи на осигурување, впечатокот за свеста кај македонското население не е на задоволително ниво. Секако дека има забележан напредок во размислувањето на населението и формирање на нивната свест споредбено со минатите години, за тоа говори и растот на премиите на осигурителните компании, но не може да се каже дека е постигнато нивото кон кое се стремиме. Со заеднички сили и напори треба да се потрудиме да ја зголемиме свеста на граѓаните за осигурувањето а тоа може да се постигне со високо ниво на професионално однесување на кадар кој цели на успех (се мисли на вработените) исто и менаџментот на компанијата према постоечките и потенцијалните осигуреници, правичен и искрен пристап на секојдневните видувања, директно соочување со осигуреникот и отворена врата и достапност за решавање на комплексни ситуацијии кои верувам дека во секоја компанија се присутни. Довербата се стекнува со излегување во пресрет на потребите на секој осигуреник преку квалитетни производи и услуги поволност при плаќање на премија и ефикасност при исплата на штети , обезбедувајќи најкомпетентно осигурително покритие. Со цел да се покрене свеста кај населението и за останатите видови пакет осигурувања освен за задолжителните осигурувања, вообичаено на клиентите им се нудат пакет осигурувања кои покрај задолжителните нудат и други видови осигурувања (пожар, домаќинско, незгода, кражби, разбојништво, патничко, и сл.) по поволни услови. Фактор Кој тип на осигурување е најпопуларен , односно што најпрвин се заштитува? Вангеловски Најголем интерес отсекогаш имало за задолжителните осигурувања (АО, зелена карта, задолжителнито осигурување патници во јавен превоз и сл.) кои се најголем двигател на порастот на вкупната бруто полисирана премија. Од друга страна пак, порастот на овој вид осигурувања во еден дел правопропорционално е условен и од продажбата на моторни возила. Во последно време голема заинтересираност се јавува за полисите за професионална одговорност, општа одговорност, и осигурувања на имоти. Фактор Во кој правец треба да се движи осигурителниот бизнис? Има ли производи кои сеуште не се достапни за македонските граѓани како тип на осигурување, а кои наскоро би можеле да бидат воведени? Вангеловски Моментално голем тренд и неминовна потреба е животното осигурување како и  здравственото осигурување. Животното осигурување неколку години по ред расте во двоцифрени стапки на раст, што претставува показател за растот на свеста на населението за овој вид на осигурување. Здравственото осигурување е сеуште во зародиш, но моите очекувања се дека кај ова осигурување постои голем потенцијал. Исто така голем потенцијал за развој како типови на осигурување би имале осигурување од финансиски загуби, осигурување на кредити, транспарентност на комбинираните така наречени all risk типови на осигурување итн. Б.А.

Можеби ќе ве интересира

ГО ОДБИЈА ПРЕДЛОГОТ: Жените нема да работат подолго

ГО ОДБИЈА ПРЕДЛОГОТ: Жените нема да работат подолго

ГИ НАМАМИЈА РУСИТЕ: Tие им оставија 4 милијарди евра

ГИ НАМАМИЈА РУСИТЕ: Tие им оставија 4 милијарди евра

(ВИДЕО) Владее беда, а пари носат во колички

(ВИДЕО) Владее беда, а пари носат во колички

Во овие европски земји работниците земаат најмали плати

Во овие европски земји работниците земаат најмали плати

По три години невработеноста им падна под 5 проценти

По три години невработеноста им падна под 5 проценти

Зошто оваа компанија годишно добива по 85.000 пријави за работа?

Зошто оваа компанија годишно добива по 85.000 пријави за работа?

Колку заработува Барак Обама за еден говор?

Колку заработува Барак Обама за еден говор?

Хрватите бегаат надвор, затоа Французите им го берат грозјето за дневница од 40 евра

Хрватите бегаат надвор, затоа Французите им го берат грозјето за дневница од 40 евра

ФОРБС ГИ РАНГИРАШЕ: Ова се 100 најголеми бизнис умови во модерниот свет

ФОРБС ГИ РАНГИРАШЕ: Ова се 100 најголеми бизнис умови во модерниот свет