28 Март, 2024
0.0267

ИНТЕРВЈУ, ИВАНОВСКИ: Нема време за чекање – државата мора да се раздолжи!

Објавено во: Економија 24 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Долгови на државата има, но сега е значајно како тие ќе се алиментираат, односно како и со кои пари ќе се враќаат. Темпото се кое државата досега се задолжуваше не е наивно, потребно е соочување со проблемите – вели во интервју за “Фактор“ професорот Зоран Ивановски.

СЕ КРШИ “ФИСКАЛНАТА ИЛУЗИЈА“ НА СТАБИЛНОСТ ...

Фактор: Како се толкува, оценува долгот на државата од 363 милиони евра кон приватниот сектор? Сумата не е занемарлива и изнесува околу 3,5% од БДП.

Ивановски: Долгот несомнено е многу висок, но не е изненадување за експертската јавност, имајќи го во предвид отсуството на транспарентност во јавните финансии на претходната Влада. За потсетување, обидот на МАНУ да го “активира“ бројачот на јавниот долг наиде на осуда, а донекаде и на “санкции“ од страна на власта. Во наредниот период очекувам длабинските анализи во Министерството за финансии да откријат и поголеми износи на обврски на буџетот, кои се резултат на “тактизирањето“ на компаниите кои вршеле услуги или обезбедувале производи да ги фактурираат побарувањата, а со цел да не креираат обврски по ДДВ, особено во услови кога не се сигурни околу наплатата на побарувањата.

Во обидот да се создаде перцепција кај јавноста за неверојатни успеси на земјата на економски план, износот на долгот беше третиран како строго контролирана тајна. Во така создаваната “фискална илузија“ единствено поискусните аналитичари имаа аргументи за загриженост и алармираа за брзото темпо на раст на задолжувањето, кое за жал повеќе беше мотивирано кон трошења за непродуктивни цели.

Ваквото ниво на долг ја зголемува опасноста за неликвидност на стопанството, кое во изминатиот десетгодишен период главно го тагретираше буџетот и буџетските корисници за најповолни и најпосакувани комитенти. Во економијата е создадена состојба на “зависност“ на стопанските субјекти од буџетските расходи, што секако е полесно за компаниите отколку суровата борба со конкуренцијата на пазарот.

Фактор: Како овој долг ќе се одрази врз јавните финансии, со оглед на тоа што сега веќе е обелоденет и ќе мора да се бара решение ?

Ивановски: Пред да се објасни ефектот на фискалната стратегија и политика, важно е да се потенцира ургентноста истиот побрзо да се сервисира заради тоа што тој износ се заканува да задуши дел од тековите на репродукцијата во земјата. Не смее да се заборави неговиот економски ефект на бизнис секторот, кој во услови на вакви побарувања, полека но сигурно ќе се движи кон “хибернација“, што може да има тешки последици на БДП и стандардот на граѓаните.

Од аспект на фискалните стратегии, тргнувајќи од фактот што претходно јавно достапните информации, дури и пред објавување на овој долг, упатуваа на сериозна загриженост за нивото на задолженост, станува јасно дека мора да се бараат алтернативни извори за обезбедување на средства. Покрај задолжувањето на домашниот пазар (кој треба да биде приоритет не само заради ниската каматна стапка, туку и од аспект на тоа приносот на инвеститорите да остане во државата), ќе биде потребно истото да се направи и на меѓународите пазари.

Фактор: Што значи ова за можната соработка со ММФ?

Ивановски: Имајќи ги во предвид ниските стапки кои ги нудат реномираните меѓународни финансиски институции, како и потребата и корисноста од “странско“ менторство на домашните “чувари на трезорот“, можеби не треба да се отфрла и соработката со ММФ.

Таков аранжман би значело и дефинитивно напуштање на досегашниот економски модел на “изборна економија“, каде економските политики беа насочени само кон мотивирање на одредено гласачко тело и создавање на “фискална илузија“. Тоа сигурно би било и гарант на прудентна и одговорна фискална политика.

КАКО ЌЕ СЕ ИСПЛАЌААТ ДОЛГОВИТЕ?

Фактор: Една од можностите за алиментирање на обврските е да се земат кредити под поволни услови за да се спроведе “чистење “ на долговите – дали ова е единствениот излез од должничкиот круг?

Ивановски: Не секогаш “препакувањето“ на кредитите и долговите помага. Секако, тоа ги одлага привремено проблемите. Решението може да се бара и на друга страна, со понуда на дел од имотот и средствата кои се во сопственост на државата и креирање на продуктивни аранжмани. Тука не мислам само на приватно-јавните партнерства, туку и на чекор понатаму, на користење на моделот на приватни финансиски иницијативи, со што би се реализирал дел од набавките од страна на државата и би се зајакнале инвестициите во инфраструктурата, со што би се обезбедило долгорочно создавање на вредности и раст на БДП. Ова позитивно ќе влијае на зголемување на капацитетот на државата за сервисирање на високиот долг.

Фактор: Политики на штедење или експанзивни политики на трошење ?

Ивановски: Македонија мора да го менува економскиот модел. Политичарите кои се “приемчиви“ кон бизнисот и имаат претприемачки дух би било добро да ги “практицираат“ таквите амбиции со сопствени средства, а не како досега со буџетски средства. Економскиот модел беше насочен кон изборите и носеше генерално негативни последици на националната економија. Граѓаните треба да бидат свесни дека тој модел следи точно пропишани “чекори“ со кои се обезбедува сигурно и “економско зависно“ гласачко тело, свесно се демотивираат школуваните и талентираните да останат во земјата, се стимулираат “сомнителни“ кариери, вештини и компетенции, крајно се гушат придобивките на либералната демократија.

Оттука, клучно е да се потенцира фактот дека единствено либералните демократии обезбедуваат стабилни и одржливи стапки на економски раст. Како до растот, со штедење или трошење е второстепено прашање.

Економската наука и добрите практики точно детерминираат колку и за што треба да се троши, а при тоа да се обезбеди целосна отчетност и транспарентност. Тука би истакнал дека не е важно помалку да се троши, туку секогаш да се бара одговор дали има “вредност за парите“.

Фактор: Што ја чека економијата во периодот што следува, со оглед на тоа што веќе е намалена и проекцијата за економски раст?

Ивановски: Тоа зависи од ентузијазмот и искреноста на новата Влада сериозно да поработи на промената на досегашниот модел и искривената економска реалност. Она што треба да бидеме реални е дека промените не се можни преку ноќ, потребна е промена на менталитетот како на компаниите, така и на граѓаните. Доколку сакаме подобри и побрзи резултати во економијата, но и во целокупниот општествен живот, треба да се насочиме кон најефикасните инвестиции, а тоа се инвестициите во образованието и науката.

Земете го примерот на Јапонија или Германија кои по Втората светска војна релативно брзо стануваат “економски чуда“. Тоа е можно само преку знаење и постојано подобрување, користење на процеси и практики каде доминира знаењето и квалитетот на луѓето. Доколку на тоа биде ставен фокусот, Македонија “има шанса“...

Д.А.

Можеби ќе ве интересира

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра