28 Март, 2024
0.0378

Интервју Јанкуловска: Бимилк е лидер на млечниот пазар со постојано инвестирање

Објавено во: Економија 25 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Македонскиот млечен пазар постојано се соочува со нови предизвици и малку се брендовите и компаниите кои успеваат долгорочно да ја обезбедат довербата на корисниците, како и постојано да се подобруваат, да напредуваат и лансираат нови квалитетни производи. Затоа разговараме со Полексена Јанкуловска, маркетинг менаџер на млечната компанија Бимилк зад која стојат повеќе популарни производи и брендови, колку Бимилк успева да одговори на конкуренцијата како од дома и странство, колкави се инвестициите и каков резултат досега донесоа истите и што може да очекуваме од една од најголемите компании во млечната индустрија во Македонија во наредниот период.

Фактор: Колку е важно во млечната индустрија во Македонија да се воведуваат иновации, нови производи и нови понуди за потрошувачите, какво е искуството на Бимилк досега?

Јанкуловска: Нашиот успех зависи од многу фактори, меѓу кои можам да ја потенцирам нашата способност истовремено да ги следиме светските трендови и да ги прилагодуваме кон потребите на нашите потрошувачи обезбедувајќи им млечни производи со одличен вкус и врвен квалитет. Последните години сме фокусирани кон развој, унапредување на производството и стимулирање на млекопроизводителите, како и кон освојувањето нови пазари. Воведувањето иновации е многу важно од секој аспект, а пред сѐ, должни сме кон нашите верни потрошувачи да им понудиме атрактивни производи и понуди кои ќе го задоволат нивниот вкус.Токму од желбите и потребите на нашите потрошувачи започнуваат поголемиот дел од деловните процеси и активности во поглед на развојот, модернизацијата и стандардизацијата на производството. Континуирано инвестираме во нови софистицирани технологии, што меѓудругото, овозможи и проширување на асортиманот со нови иновативни производи.

Во текот на оваа година Бимилк претстави неколку нови производи на пазарот, воедно и го проширивме портфолиото кај некои од етаблираните брендови, а што е можеби и најважно за споменување, инвестиравме 2 милиони евра за набавка на современа опрема за полнење ПЕТ-шишиња. Од аспект на иновации во производи добар пример е Битолскиот густ јогурт кој со неговата специфична рецептура со поголема густина ни овозможи да допреме и до поспецифичните вкусови, а би го споменала и Битолското млеко збогатено со 10 витамини кое изобилува со протеини, витамини, калциум и други хранливи состојки потребни за младиот детски организам.

Нов производ е и Битолскиот путер, дополнително го проширивме потрфолиото и на Баланс+ и Битолското кравјо кисело млеко, го воведовме и Пекарскиот јогурт.

Сите овие примери се доказ дека континуирано вложуваме во проширување на асортиманот и вложуваме во нови инвестиции, што е исклучително важно првенствено со цел да ги задоволиме и најспецифичните потреби на нашите потрошувачи. Иновациите несомнено се движечка сила на секој пазар, и тоа не само во млечната индустрија туку воопшто, па оттука поаѓа и нашата премиса дека континуираното инвестирање неминовно доведува и до поголем успех на една компанија.

Фактор: Во што најмногу инвестираше Бимилк во изминатиот период и што може да очекуваме од Вас во иднина?

Јанкуловска: Првенствено би ги издвоила инвестициите во производната технологија. Бимилк работи со целосна посветеност на безбедноста и квалитетот на производите и производствениот процес, што резултира со креирање на производи кои што ја потврдуваат лидерската позиција на нашата компанија во индустријата за млеко и млечни производи.

Во изминативе години можеме да се пофалиме со повеќе инвестиции во нашата индустрија по кои се издвојуваме. Најнов пример е ПЕТ линијата за амбалажикоја ја споменав. Оваа современа технологија го зголемува нашиот производствен капацитет за околу 50 проценти, a благодарение на тоа, нашиот капацитет оваа година изнесува 90 милиони литри млеко.Дополнителен важен факт кој треба да се потенцира е дека Бимилк е најголемиот откупувач на сурово млеко во Македонија со повеќе од 40 милиони литри годишно. Како најголем млекопроизводител во земјата, континуирано инвестираме во примарното производство на млеко за обезбедување на квалитетна суровина, но и во различни стимулативни мерки кон нашите кооперанти за што поголемо и што поквалитетно млекопроизводство.

Покрај ова, следниот период ќе ни донесе и многу други новитети, пред сѐ во нови производи кои ќе ни овозможат максимална искористеност на нашиот производствен капацитет, но секако и задоволување на потребите на различните групи потрошувачи кои ги имаме.Благодарение на сѐ ова и благодарение на континуираните иновации во производството, стратешките иницијативи, беспрекорниот квалитет на нашите производи и промените кои ги воведовме како компанија, денес Бимилк е првиот избор кога се работи за млечен бренд, кај повеќе од 1 милион задоволни потрошувачи.

Фактор: Колку е важно за една компанија да ги следи трендовите на пазарот, како домашни, така и светски и дали во креирањето на производите ги користите искуствата на самите потрошувачи и нивните потреби?

Јанкуловска: Како што напоменав и претходно, сите наши производи се направени со цел да ги задоволат потребите, барањата и очекувањата на потрошувачите. Секој бренд на Бимилк има своја целна група, создаден е да задоволи различни вкусови и пренесува различни пораки кои допираат до умот и срцето на потрошувачите. Во центарот на нашето внимание се децата, затоа што квалитетните млечни производи се императив за нивниот раст и развој, а ние сме тука за да им го обезбедиме најдоброто.

Како лидер на пазарот, постојано ги следиме промените кои настануваат кај нашите целни групи, но го следиме и создавањето нови групи на потрошувачи, како резултат на современиот начин на живеење и трендовите кои постојано се менуваат. Наша цел е да одговориме на тие промени и да ги задоволиме новите потреби. Ги прилагодуваме нашите производи на барањата на пазарот, но и создаваме нови, направени по мерка на потрошувачите. Создавањето нов бренд е долготраен процес кој бара доста истражувања и подготовки, но на крајот секогаш води до задоволни консументи.

Нашата улога како лидер во млечната индустрија е уште поголема. Настојуваме да бидеме  пример и водач во создавањето нови навики и трендови во млечната индустрија, како и да ги едуцираме и потсетуваме потрошувачите за придобивките од редовното консумирање квалитетни млечни производи.

Фактор: Како се справувате со конкуренцијата од странските брендови, дали е важно да се развие една стратегија која ќе се базира на традицијата и на кој начин го гарантирате квалитетот на млечните производи на Бимилк?

Јанкуловска: Конкуренција е секогаш добро да се има, бидејќи како инаку би се стремеле да бидеме подобри, како би ги следеле трендовите на другите пазари, но и како потрошувачите би имале поголем избор. Истовремено, и пазарот во кој делуваме наметнува фер политика за потрошувачите.

Друг голем предизвик е што домашниот пазар исто така си носи и своиспецифики, а најважно е да се каже дека е еден од најмалите во регионот. Ниската куповната моќ на потрошувачот јасно ја детерминира сликата на пазарот и всушност таа генерира ниска консумација на млеко и млечни производи по жител. За жал, таа е најниска во Европа. На овој проблем потребен е многу систематски и синергичен пристап од сите клучни фактори во земјава.

Фактор: Имате ли амбиции за поголемо учество на регионалните пазари, по што може да се издвојат македонските млечни производи и по што сте најмногу препознатливи?

Јанкуловска: Од 2008 година до денес Бимилк инвестираше повеќе од 10 милиони евра во капитални инвестиции, од кои 4 милиони евра се инвестирани само во последните две години. Овие инвестиции имаат за цел не само зголемување на производните капацитети, туку и унапредување на квалитетот на производите особено од свежата програма и освојување на странски пазари.

Минатата година постигнавме рекордни резултати од постоењето на компанијата и можам да кажам дека сме навистина задоволни и горди на постигнатото. Инвестиравме значително во процесот на производство, во воспоставување на современи системи за ферментација на јогуртите во 100% асептички услови, ги проширивме капацитетите за прием на млеко и нивно опремување со најнова технологија и сето тоа е со цел подобро да ги опслужиме нашите потрошувачи, но и да се создадат услови за реализација на нашите амбициозни планови за во иднина.

Покрај значајните капитални инвестиции, Бимилк во изминатите неколку години инвестираше околу 4,5 милиони евра во мерки за развој на сточниот фонд, но и едукација, помагање и стимулирање на своите кооперанти за производство на квалитетно сурово млеко.

Без двоумење можам да кажам дека постигнавме одлични резултати од вложувањето во млекопроизводството во земјата, па токму затоа планираме и продолжување на овие проекти, но планираме да продолжиме и со други инвестиции во иднина. Новите инвестиции ќе бидат наменети пред сѐ за зголемување на капацитетите и постигнување на оптимална ефикасност, како и врвна продуктивност по вработен. На овој начин компанијата ќе ги подобри перформансите на работење и ќе обезбеди сигурен пласман на своите производи на странските пазари.

Сите овие инвестиции, како во производните капацитети, така и во стимулирање на производството на домашно сурово млеко, имаат цел да ги поддржат амбициозните планови на Бимилк за во иднина.Но, и покрај амбициозните планови на компанијата за извоз, и понатаму домашниот потрошувач ќе биде во фокусот на нашето работење. Сѐ што правиме е со цел да се создаде квалитет на производите кој се мери со оној на врвните светски брендови. Квалитетот на Бимилк производите е тој што ја оправдува довербата на нашите лојални потрошувачи и ја одржува лидерската позиција на компанијата на пазарот.

Автор: Христијан Станоевиќ


Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат