20 Април, 2024
0.0252

ИНТЕРВЈУ ЈЕЛЕНА ЈОВАНОВА-ПЕРИЌ: Учам да живеам на релација Македонија-Хрватска

Објавено во: Стил 08 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Вели дека минатата година и била хаотична и многу забавна. „Виновни“ за тоа се седумте различни проекти во четирите различни држави кои ги работела. Популарната актерка Јелена Јованова-Периќ на ТВ гледачите им прирасна за срце како Јелена рецепционерката од Тв серијата „Преспав“, чија втора сезона ја гледаме секој вторник и секоја среда на ТВ „24“, но и како Милена од Тв серијата „На терапија“. Јелена се најде и во времето на „лудите дваесетти“, играјќи една од главните улоги во бродвејскиот хит- мјузикл „Чикаго“ во МНТ. Шармантната актерка успешно ја гради својата интернационална кариера, особено од 2011 година па наваму, по улогата на Есма во филмот „Во земјата на крвта и медот“ кој го режираше Анџелина Џоли. Поради љубовта кон својот сопруг, хрватскиот актер Стјепан Периќ и ангажманите кои ги има во Хрватска, Јелена вели дека живее на релација помеѓу двете земји, а нов предизвик и е шпанскиот јазик, поради главната женска улога во шпански филм чије снимање штотуку го завршила.

Прочитајте го интервјуто на Женски магазин, тука.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган