25 Април, 2024
0.0303

ИНТЕРВЈУ Левица: 11 декември е можност за промена на курсот и тонењето во живата песок

Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

11 декември е можност за промена на курсот и тонењето во живата песок. Левица е исправена пред бројни предизвици. Можеби најважниот е дека сите партии се исти и дека партија се формира за да се остварат тесни, лични интереси на потесна група членови. Наша цел е преку подобрување на квалитетот на животот на мнозинството граѓани,  да си го подобриме и нашиот живот!“, велат од партијата Левица за фактор.

Од оваа партија сметаат дека е крајно време е да се понуди нова парадигма во Собранието! Пратениците се претставници на народот во Собранието и како такви ќе мораат првично да се спуштат на земја и да ги застапуваат интересите на обичниот човек во собранието, а не да бидат слепи послушници на партиите и гласачка машинерија со која се носат закони со брзина на светлината, на штета на граѓаните.

ФАКТОР: Левица, нова партија од неодамна-Важи ли уште паролата дека ќе бидете „Партија за народот“?

Левица: Апсолутно! Изминативе 25години владејачките елити воопшто не водеа сметка за мнозинството од народот кај нас, па Левица има обврска да покаже дека политиките мора да се водат во интерес на мнозинството, а не во интерес на мала привилегирана група. Скоро сите партии изјавуваат дека ќе работат во интерес на народот, но она што нас не`  разликува од нив е минатиот труд на нашите активисти, синдикалци, кои тоа го потврдувале долги години наназад, како и нашите цврсти заложби да му се стави крај на партискиот клиентелизам кој се стимулира изминативе 25 години.

ФАКТОР: Решивте на декемвриските избори да настапите самостојно. Кој ја донесе оваа одлука во партијата?

Левица: Според статутот на Левица, одлуките за настапот на избори ги донесува раководниот орган ЦК(Централен комитет), па според тоа, одлуката ја донесовме на седница на ЦК, одржана на 16.10.2016

ФАКТОР: Што е она што Левица им го нуди на граѓаните, а е  поразлично од останатите партии кои ќе се натпреваруваат за состав на нова Влада?

Левица: Крајно време е да се понуди нова парадигма во Собранието! Пратениците се претставници на народот во Собранието и како такви ќе мораат првично да се спуштат на земја и да ги застапуваат интересите на обичниот човек во собранието, а не да бидат слепи послушници на партиите и гласачка машинерија со која се носат закони со брзина на светлината, на штета на граѓаните.

Прво што ќе направат пратениците од Левица кога ќе влезат во парламентот е предлог закон за намалување на платите и привилегиите на пратениците и функционерите! Дегутантно е пратениците да примаат околу 90 000 ден плата, во ситуација кога минималната плата е 9000! Според наше убедување платите на пратениците не би смееле да надминуваат 2 просечни плати т.е. максимум 45 000 ден. Ако сакаат да работат во интерес на граѓаните, тогаш нека го прават тоа суштински, а не да се богатат врз грбот на народот!

ФАКТОР: Дали мислите дека изборите во 11 Декември ќе бидат излез од кризата?

Левица: Изборите во декември можат да бидат почетокот на излезот од политичката криза, бидејќи кај нас премногу долго и систематски се уништуваа институциите, законите се менуваа на штета на граѓаните, социјална држава сме само на хартија, имаме еклатантни примери на селективна правда, политички монтирани прогони итн., па ќе треба време за да се врати довербата во институциите, под услов следната власт да работи посветено за таа цел.

ФАКТОР: Левица нема единствен лидер. Дали можеби во партијата дискутиравте за промени на тоа поле и како функционирате досега?

Левица: Тоа што Левица нема лидер е наша предност пред останатите султан–партии, бидејќи внатрепартиската демократија ја практикуваме постојано. Притоа, евтина и провидна е онаа прокламирана заложба за демократизација на општеството, а да отсуствува демократијата во сопствените редови. Ниту на крај памет не ни паѓа замена на колективниот извршен орган “Президиумот“ со единствен претседател на партијата!

ФАКТОР: Кој е вашиот став во однос на опструкциите со кои се соочува Специјалното јавно обвинителство? Дали вашата партија ја поддржува Катица Јанева?

Левица: Левица дава максимална поддршка на СЈО, бидејќи тоа е институцијата која значително може да придонесе за надминување на политичката криза. За жал, сведоци сме на бројни опструкции на работата на СЈО од страна на власта, кои ги има уште од самото негово формирање. Затоа, СДСМ требаше и мораше да го услови потпишувањето на договорот Пржино 2 со формирање на специјално судско одделение во рамки на кривичниот суд, за да се оневозможат опструкциите од страна на “сваровски“ судството, за кое се изнаслушавме како се местат судии од тефтерчето на Јанкуловска и луѓе блиски на Мијалков. Се пропушти шанса да се обезбедат услови за поефикасна работа на СЈО.

ФАКТОР: Дали гледате притисок врз одлуките со кои константно се одложува рочиштето на вашите членови кои се во притвор веќе половина година ?

Левица: Целиот судски процес т.е. прогон кон нашите членови е “кафканијански“. Се судат нашите членови бидејќи се побунија против лудата аболиција на осомничените за тежок криминал, од страна на т.н. претседател на државата. Процесот е проследен со многу прекршувања на процедурите, а за да биде апсурдот комплетен- на нашите членови сеуште не им е повлечена забраната за напуштање на државата, иако пасошите им се вратени!

ФАКТОР: Како мислите дека ќе заврши овој судски процес?

Левица: Ако нема притисок кон судиите очекуваме ослободителна пресуда за нашите членови. Тоа е најмалку што можат да добијат нашите посветени борци против неправдите! 

ФАКТОР: Која е пораката што ќе им ја испратите на гласачите на претстојните избори?

Левица: 25 години трае агонијата на нашето општество. 11 декември е можност за промена на курсот и тонењето во живата песок. Левица е исправена пред бројни предизвици. Можеби најважниот е дека сите партии се исти и дека партија се формира за да се остварат тесни, лични интереси на потесна група членови. Наша цел е преку подобрување на квалитетот на животот на мнозинството граѓани,  да си го подобриме и нашиот живот!   

Ирена Ставрова 

Можеби ќе ве интересира

„Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ“: Колозова распали по изборните резултати, еве што вели

„Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ“: Колозова распали по изборните резултати, еве што вели

МАКСИМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ЈАКИМОВСКИ ГО ЗАГУБИ КАРПОШ, ТАРАВАРИ СО ТЕСНА ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР: Попрецизна анализа на изборниот исход

МАКСИМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ЈАКИМОВСКИ ГО ЗАГУБИ КАРПОШ, ТАРАВАРИ СО ТЕСНА ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР: Попрецизна анализа на изборниот исход

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство

„ПРОФЕСОРКАТА СИЛЈАНОВСКА ГО ПРЕГАЗИ СТЕВО КАКО АВТОБУС“: Со коментар на изборите се јави и Грчева

„ПРОФЕСОРКАТА СИЛЈАНОВСКА ГО ПРЕГАЗИ СТЕВО КАКО АВТОБУС“: Со коментар на изборите се јави и Грчева

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678