29 Март, 2024
0.0149

ИНТЕРВЈУ Насер Селмани, ЗНМ: Како тргнало нема да бидам зачуден ако уапсат некој новинар!

Објавено во: 17 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Напади врз новинари во Парламентот, незштитени професионалци при следењето на настаните, притисоци и цензури, високи казни за клевета во секој случај каде тужи моќник на власта. Продолжува практиката на селективно рекламирање во провладините медиуми, Владата е најголем огласувач со што ја зацврстува спрегата со интересите на медумските газди и нивните телевизиски експозитури. Што уште треба да ни се случи за да се уважат и критиките од странство дека во Македонија нема елементарни услови за слобода на новинарските професионалци. Ова за Фактор го вели Насер Селмани, претседател на ЗНМ, инаку новинар на весникот Вест”. На речиси идентични прашања одговара  и престедателот на Македонската асоцијација  на новинари Слаѓана Димишкова, што ќе го читате исто така на Фактор. Фактор: Неколку пати досега имате оценето  дека нема медиумска слобода во Македонија. Врз оснoва на што го темелите овој Ваш став и  што е потребно да се промени за ЗНМ  да констатира дека состојбата со слободата на изразување ги исполнува европските стандарди? Насер Селмани: Ние во Македонија немаме таква медиумска слобода каква што гарантира нашиот Устав. Тој не само што ја гарантира слободата на мислата и на говорот, туку го гарантира и пристапот, примањето и пренесувањето на информциите, а се забранува цензураата. Што имаме во реалност - слаби, непрофесионални и партизирани медиуми, кои место да ја информираат јавноста, се претворени во пропагандни машинерии во рацете на политиката и на бизнис-центрите на моќ. Основната причина поради лошата состојба со слободата на медиумите е директното вмешување на власта во нивната работа. Првата линија на влијание се обезбедува преку сопственичката структура на медиумите. Лидери на политички партии, кои се дел од владејачкото мнозиство, се сопственици на највлијателните медиуми во земјата. Тие или нивни репрезенти се најчесто коалициони партнери на власта и ги наметнуваат медиумите како инструмент на влијание во поделбата на власта и ги користат за заштита на нивните економски интереси. Власта влијае и на начинот како се финансираат медиумите. Агенцијата за медиуми пред извесно време објави дека во 2013 година Владата бил најголем огласувач во медиумите. Најголем дел од овие средства владата ги дистрибуира преку таканаречени владини кампањи. Неприфатливо е што власта троши јавни пари во медиумите на нетранспарентен начин, без да го дефинира јасно јавниот интерес и без критериуми за дистрибуција. Целта на ваквите кампањи не секогаш е да се промовира некое прашање од јавен интерес, туку да се создаде алиби да се помогнат финансиски медиумите што ја поддржуваат владината политика. Владата има силно влијание и врз законодавната власт, која не е во состојба да усвои медиумско закондоваство. Овој месец владата по скратена постапка предложи, а Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за аудио и адиовизулени медиумски услуги, без јавна дебата и без консултации со новинарските и медиумските организации. Фактор: Кои делови се најпроблематични? Насер Селмани: Според нас најпроблематични се деловите на законот кои ја регулираат работата на Македонската радио телевизија како јавен радиодифузен сервис и на Агенцијата за медиуми. Ние сметаме дека овој дел од законот не е во целост усогласен со стандрадите на Советот на Европа за основање и раководење со јавни радиодифузни сервиси и медиумските регулаторни тела. Пред се, постојното законско решение не обезбедува оддржлив извор на финансирање на Македонската радиотелевизија и на регулаторот. И покрај ниската наплата на радиодифузната такса, владата со ослободувањето на 39 илјади примателите на социјална помош од обврската да плаќаат радиодифузна такса, без да обајсни од каде ќе се компензираат овие средства, уште повеќе ќе ја влоши финансиската кондиција на јавниот сервис. И другите институции се под контрола на Владата. Под притисок на извршната власт, судија осуди новинар на четири и пол години затвор за наводно откривање на идентитет на заштитен сведок. Ваквата мерка никако не може да биде правдана во едно демократско општество. Освен тоа што новинарот Кежаровски откри злоупотреба на институтот заштитен сведок, што е врвен јавен интерес и во вакви случаи судот треба да застане во одбрана на слободата на изразувањето и да ја почитува важната улога на медиумите во едно демократско општество. Очекуваме Апелациониот суд да ја укине првостепената одлука и да го ослободи Кежаровски. Ние сме вознемирени што некои судии практикуваат политика на неказнување за напади против новинари. Најбрутелен напад врз слободата на медиумите беше насилното бркање на новинарите од собраниската галерија на 24 декември 2014 година. Жално е што и покрај очигледната цензура, Уставниот суд не утврди прекршување на уставот. ВО МАКЕДОНИЈА ВЛАДЕЕ ЦЕНЗУРАТА Фактор:  Дали  во новинарството владее цензура или самоцензура? Насер Селмани: Новинарите многу често практикуваа самоцензура поради страв дека ако истражуваат за евентуалните залоупотреби на власта ќе можат да имаат последици на работа. Меѓутоа последните години, власта практикува класична цензура. Таков пример беше исфрлањето на новинарите од галеријата на Собранието на 24 декември 2012 година кога спикерот на Собранието се обиде да го сокире од очите на јавноста насилното исфрлање на пратениците на опозицијата од собраниската сала. Друг пример на цензура е бришењето на снимките и фотографиите на новинарите на ТВ Нова од припадници на полицијата за време на протестите во Ѓорче Петров.  И последниот инцидент е приведувањето на новинар на Лајм од протестите за Монструм пред општина Чаир под обвинение дека го нарушувал јавниот ред и мир. Во секое демократско општество кога има вакви напади против медиумите, полицијата ги открива виновниците, а судовите ги казнуваат. Кај нас има друга практика, секогаш ги заштитуваат овие луѓе што ги попречуваат медиумите во извршувањето на нивната работа. Ние сме убедени дека сите овие проблеми може лесно да се решат ако постои политичка волја од власта. Тие само треба да ги тргнат рацете од медиумите и да ги остават институциите на мира да ги исполнуваат уставните и законските обврски. Фактор: Владејачката партија Ве обвинува дека со вашите јавно изнесени ставови целта ви е да подгревате меѓуетничка нетрпеливост и да предизвикувате конфликти. Насер Селмани:  Владејачките партии ги злоупотребуваат меѓуетничките односи за преносочување на внимаието на јавноста од вистинските проблеми на граѓните, за кои ова власт нема одговори. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ креираат меѓуетнички тензии и после се појавуваат како спасители и ги смируваат состојбите. Таа игра во јавност веќе е прочитана. Тие место да ја преземат одговорноста за лошите меѓуетничкли односи, се обидуваат да бараат дежурни виновници за нивните погрешни политики. Тие треба да учат од примерот на ЗНМ, каде новинари од различни етнички заедници работат заедно и градат солидарност за да ги промовинраат и заштитат нивните интереси. Тоа е доказ дека меѓу обичните граѓани не постои таква тензија каква што сака да ја претстави власта. Не е новина што владејачката партија се пресметува со секого коишто ќе се дрзне јавно да ги критикува нивните политики. Тоа покажува дека навистина имаат низок демократски капацитет да се соочат со поинаквото мислење. Ваквите нервозни напади против мене и ЗНМ покажуваат дека ова партија нема аргументи да ги спори нашите ставови презентирани во јавноста за вошувањето на состојбата со слободата на изразувањето и на медиумите. Во отсуство на аргументи тие се обдуваат со вакви неосновани напади да го нарушат кредибилитетот на Здружението во очите на јавноста и да не одвратат од намерата да работиме во интерес на нашата новинарска кауза. Ние сме покажале дека знаеме да работиме со властите ако кај нив постои расположение да ги подобриме состојбите. Место да не обвинуваат, треба да отворат дијалог со новинарите и медиумите и да бараат решенија за проблемите. КОМПРОМИТИРАНА ПОЗИЦИЈА НА УСТАВНИОТ СУД Фактор: Уставниот суд констатира нема повреда на уставот со исфрлањето на новинарите од собраниската галерија од 24 декември. Најавивте дека  правдата ќе ја барате  во Стразбург. Мислите ли дека со евентуалната позтивна  судска одлука работите ќе се помрднат од мртва точка? Насер Селмани: Одлуката на Уставниот суд за 24 декември со новинарите тешко ја искомпромитира позицијата на судот во рамките на уставниот поредок на земјата. Уверен сум дека ова одлука ќе се одрази на довербата на граѓаните во судот и неговиот кредибилитет. Таа одлука покажа дека судот не е во состојба да ги заштити правата и слободите на граѓаните кога тие ќе бидат сериозно прекршени од органите на извршната и законодавната власт. Ние сме убедени дека Европскиот суд за човекови права во Стразбург во нашиот случај ќе утврди прекршување на правото на слобода на изразување и информирање затоа што ограничувањето не беше направено согласно закон, не се штитеше легитимна цел и таквата интервенција на државата не беше неопходна во демократско општетство. Пресудата од Стразбург ќе им разјасни многу работи не само на нашите судски органи, туку воопшто и на другите институции.  Нема да има дилема повеќе дека таквите однесувања не можат да се толерират во демокртаски општества. Праксата покажува дека пресудите од Стразбург имаат влијаено позитивно во промената на судската пракса и кај многу други европски земји. Убеден сум дека така ќе биде и во случајот на Македонија. Фактор: Специјалниот известувач на ОН за слободата на мислење и изразување, Френк Ла Ру во неодамнешниот извештај ја истакна загриженост од  влошување на просторот за независни медиуми, несразмерните ограничувања и судско вознемирување на независни или критични сегменти на медиумите како и од  појавата на говор на омраза. Што е превземено досега за отстранување  на овие забелешки? Насер Селмани: Прво, Специјалниот известувач на ООН за унапредување и заштита на правото на слобода на мислење и изразување, Френк Ла Ру во Македонија дојде по барање на македонската Влада за да ја истражи состојбата со слободата на изразувањето и слободата на медиумите. Во текот на неговиот престој во Скопје тој се сретна со највисоките владини функционери, претставници на државни институции и претставниците на сите новинарски и медиумски организации без исклучок. После враќањето во Њујорк Ла Ру изготви сериозен извештај каде ги детектира сите слабости во областа на медиумите. Се поставува прашањето, како е можно владините и државните институции да не успеат да го убедат Ла Ру дека во Македонија немаме проблем со слободата на изразувањето? Напротив, во неговиот извештај се содржани речиси истите забелешки за кои постојано зборува ЗНМ. Од седумтте препораки досега се работи само на обука на судиите за примена на праксата на Европскиот суд за човекови права. Академијата за обука на судии и обвинители, во соработка со амбасадите на неколку еврпски земји, но во неколку наврати и со нашето здружение, прави сериозни напори да се обучат македонските судии за соодветна примена на судската пракса од Стразбург. Од досегашната примена на Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда има сериозни резултати, од 22 првостепени пресуди против новинари, 21 се одбиени како неосновани. Има само една проблематична пресуда против уредникот и новинарот на Фокус, која очекуваме да биде укината од Апалеацискиот суд.   Со тоа апелацискиот суд ќе ги охрабри првостепените судии да ги одбијат и тужбите за клевета на носители на високи јавни функции против новинари. Досега не е постапено по барањето на Ла Ру да се намалат казните за медиумите, носителите на јавни функции да се воздржат да тужат новинари, да се обезбеди независност на судовите и на регулатрните тела, власта да не се вмеша во здружувањето на новинарите и се уште нема акција за административната и финансиска незавинсот на Македонската радио телевизија, како и за владиното рекламирање, кое предизвикува завиност на медиумите. НЕМА ДА БИДАМ ЗАЧУДЕН АКО УАПСАТ НОВИНАР Фактор: Може ли да има корумирани новинари без корумпирана власт? Насер Селмани: Секако дека не може. Може да има изолирани случаи, но кога корупцијата нема да биде потикната од највисоките врвови на власта, тогаш институциите лесно се спровуваат со изолираните случаи на корупција. Лошо е што во Македонија корупцијата стана начин на живеење и не гледам дека власта прави нешто посебно да се бори против ова зло, кое може да ги разнебити и така слабите институции, да го забави нашиот економски развој и интеграцијата во ЕУ и НАТО. Фактор: Очекувате ли нови притисоци врз новинари кои важат за критичари на власта? Насер Селмани: Ако се гледа како досега се однесуваше власта нема да бидам зачуден ако апсат некој новинар. Но, апсењето на новинари нема да им ја олесни работата во обид за ја сочуваат власта, напротив, туку уште повеќе ќе им го комплицира животот. Не треба да заборават дека Македонија спаѓа во сферата на интерес на ЕУ и САД и не може овде за подолго време да се толерираат практики како во Белорусија, Русија или Турција, каде многу лесно се апсат новинари. Ако власта не извлече поуки на време и не се откаже од вакви недемократски методи на владеење, тогаш може да им се врати како бумеранг кога ќе замине во опозиција. СЕ ЗГОЛЕМУВА ЧЛЕНСТВОТО НА ЗНМ Фактор: Што е спорно во делот на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во кој се предлага двете мнозински здруженија да имаат по еден претставник во Програмскиот совет на МРТ, на заеднички состанок беа консултирани највисоките одговорни лица на мнозинските новинарски здруженија? Насер Селмани: Ние инсистиравме владата да го примени законот, а не да го измени. Власта често по скратена постапка и нетранспарентно ги менува законите што самата ги носи ако не им одат во прилог на нејзините дневно политички интереси. ЗНМ е мнозиско здружение и таа требаше да предложи кандидати за членови во Програмскиот совет на Македонската радиотелевизија. Кога се донесе законот некој се надевал дека под притисок новинарите ќе го напуштат ЗНМ и ќе се зачленат во другото здружение, но пресметката им била погрешна. Сега кога мнозиството на новинари се наши членови, немаше никаква причина да правиме било какви компромиси без разлика што владата без наша согласност може во секое време да ги менува законите. Фактор: На што се должи одливот на членство од ЗНМ во МАН, и дали новинарите се изложени на притисоци да преминат во конкурентската новинарска асоцијација? Насер Селмани: Нема одлив, туку зголемување на членството на ЗНМ. И покрај притисоците од претставници на локалната и централната власт врз сопствениците и менаџментот на неколку локални и регионални медиуми во неколку градови во Македонија, нашето членство расте. Притисоците постигнаа обратен ефкт, колку повеќе беа изложени новинарите на притисок да го напуштат ЗНМ, толку повеќе растеше нашето членство. Горазд Чомовски