20 Април, 2024
0.0272

ИНТЕРВЈУ НЕБИ ХОЏА: Владата и бизнисот ќе создадат WIN-WIN политики!

Објавено во: Економија 23 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Барањата на бизнисот ќе се филтрираат низ академската фела и потоа истите ќе ги носиме во влада за да се земаат конкретни одлуки, досега како стопанство бевме игнорани од владата цела деценија, и затоа сметаме дека е важно бизнисот да има свој претставник во власта, вели за Фактор, Неби Хоџа, предлог на Стопанската комора на северозападна Македонија за вцепремиер за економски прашања во идната влада

Фактор: Вие сте предлог на Стопанската комора на северзоападна Македонија за предлог за предлог за вицепремиер за економски прашања, зошто ова место е важно за бизнисот?

Хоџа: Бидејќи во овој случај, бизнисот ќе биде рамо до рамо со владата каде се предлагаат и креираат политики за економски развој. Важноста на оваа место за бизнис заедницата е најзначајна бидејќи ние ќе бидеме превенција на погрешните политики заради тоа што ќе бидеме внатре во процесот, а не како што последниве години кога ги сносевме само последиците и истите ги коментиравме и на инстите реагиравме преку медиуми или со писма. Не бевме воошто консултирани. Затоа инсистиравме повеке од 10 години  да бидеме дел од владините политики.

Фактор: Како ќе се избере претставникот на стопанството во власта, со оглед дека е можно и СКМ  да понуди свој претставнник, а неизвесно е деали тоа ќе го стори и Сојузот на стопански комори?

Хоџа: Значајно за деловната зедница е да ни се предложи оваа позиција во владата на  господинот Заев додека пак одлуката за тоа кој кандитат ќе биде, ќе одлучиме трите најголеми комори со компромис и меѓусебен договор. 

Фактор:  Кој ќе ја донесе одуката од понудените кандидати?

Хоџа: Првично секако ние коморите ќе се договориме а во втора фаза секако дека ќе се консултираме со мандатарот, секако целта ни е да креираме политики кои ќе бидат win – win и за бизнисот и за општеството.

Фактор: Доколку Вие бидете вицепремиер за економски прашања, кои се клучните и први работи што сметате дека треба да се направат за стопанството?

Хоџа: Пради големите дисторзии или нарушувања на деловната клима во последните години ние пред себе имаме многу тешка работа која треба да се сработи за да ние се враќаме во нормала. 

Првично моите сегашни согледувања за клучните работи што првин би ги направил се, приоритизирање на барањата на стопаството како што се промени во некои закони, и не чести измени на истоте, поддршка на домашните компании рамноправно со странските и секако да се даде напор за повратокот на ДДВ на фимрите во што пократок временски период. Што пократок рок на исплаќање не задолжувања помеѓу фирми.

Второ зголемување на соработката на домашните компании со страските т.е зголемување на билансот на обрт помеѓу исите преку поврзување во ланецот на набавка и трето креирање на среднорочни и долгорочни развојни политики за Р. Македонија.

Фактор: Дел од економската фела, упати критики дека и досега вицепремиерот за економски прашања, доаѓал од стопанството и не се покажале резултати, но и дека во ваковв случај, тогаш министерот за труд и социјални работи треба да доаѓана предлог на синдикатите за да се грижи за работничките права?

Хоџа: Нашиот пристап ќе биде секако инклузивен за сите чинители т.е ние ќе се трудиме да одржиме силна сораборка помеѓу триаголникот влада-академија-бизнис секторт за да нашите политики не се насочуваат за доброто на бизнисот, туку за доброто на целото општество.

Барањата на бизнисот ќе се филтрираат низ академската фела и потоа истите ќе ги носиме во влада за да се земаат конкретни одлуки.

Фактор: Колкави се долговите на државата кон стопанството во моментов?  

Хоџа: Во моментот немаме никој од нас точни податоци на долговите на државата спрема стопаснтото но според некои проценки ја надминува вредноста од една милијарда евра.


Можеби ќе ве интересира

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?