25 Април, 2024
0.0532

Интервју отец Царкњас: Ќе имаме проблеми ако Македонија направи големи отстапки

Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Никодим Царкњас е еден од најиздржливите македонски активисти во Воденскиот крај во денешна Грција, кој неумерно работи на сочувување на македонскиот јазик и идентитет во соседната земја каде се негираат сите малцинства без оглед на нивниот јазик, историја, вера и култура. Отец Никодим е добро познат по тоа што сам изгради црква во С`ботско, Воден каде се бори да богослужи на македонски јазик, а поради таквите барања беше и разрешен од грчката црква во 90-тите години. Токму затоа отец Никодим добро ги познава радикалните ставови на грчката црква која наместо да покаже православна и христијанска добрина кон својот сосед и да подаде рака на помирување и простување уште повеќе долева масло на огнот, стои зад дел од организација на протестите во Солун и цврсто ја застапува идејата во конечното решение воопшто да не се користел терминот Македонија. За изливот на национализам, ширењето на пропаганди и нетрпеливост во овие времиња на искушение разговараме со отец Никодим Царкњас.

Фактор: Како ги оценувате неодамнешните протести кои се одржаа во Солун против употребата на терминот Македонија со скандирања дека Македонија е грчка. Дали во северниот дел на Грција на голема врата повторно на површина испливува национализмот и омразата кон македонците?

Царкњас: Имаше доста народ на овие протести иако не беа масовни како тие во 1992 година. Протестите во Солун покрај од Златна Зора беа организирани од Нова Демократија, како и од грчката црква која и финансиски учествува во носење и превоз на демонстрантите.

Сосема е јасно дека тие шират национализам и фанатизам со тоа што ја негираат македонската нација. Тоа е дел од грчката политика за асимилација и негирање на другите народи, особено македонскиот. Велат дека Македонија е грчка, но сите знаат дека Македонија е поделена на повеќе делови и повеќе држави од кој најголемиот дел се наоѓа во Грција, потоа во Република Македонија и Бугарија.

Во овој момент грчката црква кажува дека е против името Македонија кое не го прифаќаат и затоа треба премиерот Заев, но и МПЦ да бидат внимателни. Навистина е срамно што грчката црква не негира како народ.  

Фактор: Очекувате ли како што ќе се засилува актуелниот процес за изнаоѓање решение за спорот со името во Грција да се зголеми пропагандата и негативните пораки?

Царкњас: Македонија е под притисок од НАТО и ЕУ, се бара компромис и решение на спорот за името, но не смее да се менува Уставот и да се направат сите национални остапки. Тоа што се случува во Грција кај фанатиците и националистите не е нормално и истите говори може да се слушнат и во грчките цркви, на грчките националистички телевизии. На државната телевизија никогаш нема соговорник кој би поставил баланс. На пример и изјавата на солунскиот градоначалник Бутарис кој не се согласи со демонстрациите беше само кратко пренесена без дополнителна анализа?

Фактор: Дали по простестите и заострувањето на реториката во Грција има проблеми за македонците кои живеат во Воденскиот крај?

Царкњас: Притисоци и проблеми засега немаме, но проблеми ќе имаме доколку Македонија направи големи отстапки, ако се откаже од македонците во Грција, ако го смени Уставот и идентитетот. Затоа политиката мора да биде мудра бидејќи знаеме тука сите дека со било какви големи отстапки грците ќе бидат уште повеќе агресивни и ќе ја продолжат политиката на асимилација. Ова се тешки времиња и треба да се внимава многу, волкот го менува влакното но, не и карактерот.

Фактор: По пораките кои ги испрати Синодот на Грчката црква против употребата на терминот Македонија во решението за името, владата истакна дека тоа е мешање на црквата во надворешната политика и имаше остра реакција од грчкото МНР. Потоа и премиерот Ципрас се сретна со архиепископот Јероним, па дали нешто е сега сменето по ова прашање?

Царкњас: Излажаа и Ципрас и архиепископот Јероним. Таа средба не беше толку од политички карактер за проблемот кој се јави со мешањето на грчката црква во надворешната политика на Грција како што посочи владата во јавноста, туку се разговараше за владиците на грчката црква да не излегуваат на протестите во Солун и да не даваат јавна поддршка бидејќи така можеби ќе имаше и многу поголем број на демонстранти што ќе значеше дополнителен притисок врз премиерот Ципрас и неговата позиција.

Автор: Христијан Станоевиќ


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“