29 Март, 2024
0.0280

Интервју Павле Богоевски: МВР веќе нема да биде ударна тупаница на политичарите криминалци

Објавено во: Македонија 19 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Од шарен револуционер до независен пратеник во Македонското Собрание. Павле Богоевски треба да претставува политичар кој ќе означи нов начин на делување на СДСМ која им дава простор на сите општествени фактори, секако заслужени со своите активности на терен. 

Во наредниот период од Павле Богоевски ќе се очекува навистина да демонстрира дека еден пратеник може да делува независно, секако и да биде дел од парламентарното мнозинство и партијата која му доверила место на пратеничката листа, но и да не биде дел од една гласачка машинерија која ќе служи само за остварување на желбите на власта. 

Токму затоа разговаравме со Павле Богоевски, за тоа како ќе делува како пратеник, ќе остане ли верен на идеалите на „Шарената револуција“, ќе придонесе ли за поголем надзор врз извршната власт и идната влада, но и како очекува да се одвива процесот на разврска на сложената политичка криза и екстремна поларизираност меѓу народот.

Фактор: Претседателот Иванов конечно го додели мандатот за состав на Влада. Ако направиме една ретроспектива вие како дел од „Шарената револуција“ тогаш вршевте притисок да ја повлече аболицијата за осомничените кои се дел од прислушкуваните разговори, а сега имаше протести со притисок врз претседателот да не го доделува мандатот. За целиов период кој беше исполнет со тензии, сметате ли дека сега Иванов допринесе за мирен трансфер на власта?

Богоевски: Учеството на Иванов во било каков процес на помирување е неприфатливо бидејќи тој е еден од главните иницијатори на тоа што несреќно се нерекува политичка криза. Овде всушност станува збор за криминално-правна криза. Доделувањето на мандатот е чекор за поздравување, во таа смисла што Иванов конечно реши да го почитува Уставот. Иванов секако, нема да може да се скрие од својата кривична или политичка одговорност, ниту сега може да има улога на некаков помирувач на поларизираните страни.

Фактор: По „Крвавиот четврток“ се уште нема одржано собраниска седница. Се најавува дека следната ќе биде закажана за гласање на новата влада. Ќе имаат ли доблест тогаш колегите од ВМРО-ДПМНЕ да ве погледнат во очи?

Богоевски: Тоа треба нив да ги прашате. Со сигурност знам дека ниту јас ниту било кој од мојата пратеничка група или пратениците од парламентарното мнозинство ќе нема никаква причина да ја наведне својата глава и да го спушти погледот. Сигурен сум дека колегите и колешките од ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат зошто да ја наведнат главата, а дали ќе издржат да не погледнат нас во очи ќе може да видиме кога ќе се одржи следната собраниска седница.

Фактор: ВМРО-ДПМНЕ го оспорува легитиметот на Талат Џафери, очекувате ли од нив да го блокираат работењето на самото Собрание?

БогоевскиСудејќи по тоа како работеше ВМРО под палката на Груевски досега, за да ги прикрие своите криминални активности, може да се очекува да ги попречува сите реформски процеси кои се неопходни и кои ќе следуваат. Иако се надевам дека нема да биде така, стравувам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги злоупотреби и официјалните механизми преку пратениците така и неофицијалните механизми за блокирање на Собранието и останатите органи на државното управување.

Фактор: Како ќе делуваш како независен пратеник во наредниот период имајќи во предвид што доаѓаш од граѓанскиот сектор и од „Шарената револуција“, но сега и дел од мнозинството предводено од СДСМ?

Богоевски: Јас сум човек од граѓанскиот сектор, но кога застапуваш интереси за владеењето на правото и човековите права и слободи не значи дека тоа се интереси само на граѓанските организации. Ќе ги почитуваам токму тие принципи. Сакам да истакнам посебен акцент поради кој „Шарената револуција“ излезе на улица. Тоа е СЈО, потрагата по правда, одговорност и непристрасни судски постапки за кривичните дела кои произлегуваат од прислушкуваните разговори.

Еден од основните темели на мојот фокус ќе биде подобрување на работата на контролните механизми врз извршната власт. Основна причина зошто сме на ова дереџе е можноста тие што владеат, без оглед од која партија доаѓаат, да практикуваат неограничена власт. Клучот во демократиите е токму надзорот од овие тела како Комисијата за спречување на корупција, Комисијата за спречување на перење пари и многу други кои треба да ја ограничат таа моќ. Тие институции постојат кај нас и со години по ред добиваат негативни оценки за својата професионалност и политичко влијание. Ќе мора да бидат реформирани, да бидат соодветно финансирани и опремени за да може да си ја извршуваат надлежноста.

Фактор: Дали сведочеше за крвавите напади во Собранието и кои се твоите очекувања за правната разврска во целиот правен процес?

БогоевскиДа, сведочев за крвавите настани во Обвинителството. Едно е што очекувам, друго е на што се надевам. Еден од приоритетите на новото собраниско мнозинство ќе биде засилување на независноста на Јавното обвинителство. Тоа што сакам да верувам е дека обвинителството конечно ќе ја сфати тежината на настаните од Крвавиот четврток во Собранието. Сега за жал работите кои ги гледам од Обвинителството се разочарувачки со оглед на премалиот број на идентификувани и обвинети учесници, квалификациите на кривичните дела се смешни и несоодветни, а не е направен никаков напор да се откријат организаторите и диригентите на крвавите настани.

Нападот во Собранието и кривичните дела од бомбите кои нема да ги истражи Зврлевски ќе ги презеде некој нов обвинител. Потрагата по правда, одговорност и затворски казни на криминалците не треба да биде цел само по себе, туку да се создаде правичен систем кој ќе биде еднаков за сите. Барањето за одговорност завршува со изведување на напаѓачите, терористите, насилниците пред суд. Потоа треба да се обезбеди фер и правична постапка и судот да одлучува за нивната вина според доказите.

Фактор: Надзорните комисии кои се задолжени за контрола на извршните тела на владата, како што се полицијата, тајните служби и сите сектори во кои има премногу моќ досега не ја извршуваа целосно својата задача. Дали сега ќе се заложите пратениците да си ја извршуваат својата функција за контрола над извршната власт?

БогоевскиМВР, УБК и остатокот од државниот инструментариум на сила отсекогаш биле главно орудие на тие што биле на власт за злоупотреби.Тоа е проблем кој трае од 90-тите и го имаше со секоја влада. Проблемот е што ВМРО тоа го доведе до степен МВР и службите да ги претвори во свои паравоени структури. Доколку сакаме тие инстутуции навистина да ги вратиме на граѓаните, а Република Македонија без нив не може да се реформира, тогаш надзорот врз службите треба да го ставиме под собраниска, граѓанска контрола. 

Не ни треба нас Митко Чавков да му реферира на Груевски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, туку на министерот кој пак реферира пред собраниската комисија. Во секој момент треба да се знае ланецот на одговорност и ланецот на команда. Не може МВР да делува како приватна војска која како ударна тупаница ќе им служи на политичари криминалци и терористи. Сите тие мора да одговараат пред Собранието и пред граѓаните. Коалицијата за живот на повеќе наврати изрази дека има политичка волја на целоснo транспарентен начин со запазување на сите потреби на безбедносниот систем да врши надзор и контрола и тоа да го споделува со граѓаните.

Фактор: Има големи очекувања од новата власт, што ќе биде приоритет во наредниот период?

БогоевскиЗасега не можам да ја откривам агендата бидејќи таа ќе зависи од политичките околности, меѓутоа приоритет е продолжување на мандатот на градочалниците и советите на општините. Не може да дозволиме да продолжат да бидат блокирани единиците на локалната самоуправа и треба да се има во предвид дека паралелно се одвива процесот за формирање на новата влада. Јас го делам ставот на Зоран Заев дека формирањето на нова влада не е пречка да се најде решение за локалните избори и тоа може прво да се изгласа. За тоа сепак, потребно е претходно да се формираат соодветните комисии во Собранието каде според досегашното однесување на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се надевам дека нема да дојде до ново блокирање. Oд ВМРО-ДПМНЕ очекуваме да се однесува како конструктивна опозиција бидејќи не чекаат многу реформи кои им се неопходни на граѓаните на Република Македонија.

Автор: Христијан Станоевиќ


Можеби ќе ве интересира

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор