19 Април, 2024
0.0272

Интервју Павле Гацов: Со 500% каматна маржа банките се прекомотни

Објавено во: Економија 21 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Даночниот експерт Павле Гацов кој воедно е и претседател на Здружението на даночни советници на Репулика Македонија посочи фрапантен факт дека Комерцијална банка, Стопанска Банка АД Скопје и НЛБ Банка како едни од најголемите банки во Република Македонија оствариле каматна маржа за 2016-та година во просек од 500%. Тоа говори за огромна дискрепанца меѓу приходите од камати за издадени кредити и расходите по основ на депозити кои граѓаните и фирмите ги оставиле во банките. Со тоа се доведува до една состојба во која банките имаат интерес да „живеат“ само од каматите на кредитите, а не и да се активни учесници во финасиите и економскиот раст. За повеќе детали разговаравме со експертот Павле Гацов.

Фактор: Објавивте една доста впечатлива анализа во која каматната маржа на неколку банки во Македонија се движи во просек од околу 500%, поточно има огромна разлика меѓу приходите од камата за издадените кредити и расходите по основ на камата за депозитите. Што кажуваат овие бројки според вас?

Гацов: Каматната маржа кај трите најголеми македонски банки има просечна висина од 500%, односно за пресметаната камата за примените депозити, овие банки наплатуваат за 5 пати повисоки камати од своите должници. Се работи за фрапантни бројки кои немаат пазарна логика за било која пазарна економија.

Актуелната конјуктура во финансиите, банките ја користат на робусен начин и по сите дозволени основи, пред очите на јавноста - коморите, економските субјекти, граѓаните и креаторите на економските политики.

Фактор: Од финансиските извештаи на банките во Македонија се гледа дека нивните главни приходи се базираат на каматите од издадените кредити кон фирмите и граѓаните. Дали висината на каматните стапки е главната причина поради која банките не се решаваат на друг вид на банкарски операции од кои би можеле да заработат?

Гацов: Ваквата каматна маржа ги прави банките комотни во работењето. Додека трае оваа конјуктура тие немаат потреба од некакви подобрувања, наметнување на нов кориснички пристап кон господинот клиент, нудење на посебни сервиси, поефтинување на услугите или барем нивно подобрување, ненаплатување за разни баналности и сл.

Комоцијата не дозволува ниту да се појави некаква сериозна форма на инвестиционо банкарство. Најдалеку во инвестирањето се отиде со наплатата на долговите со преземање на недвижностите и нивна продажба.

Едноставно, се тече лесно во овој бизнис, се плаќа ефтино, се продава скапо, затоа што нема сериозна конкуренција и регулатор кој ќе ги уреди ваквите непазарни трендови.

Вкупниот профит за 2016 година во банкарскиот сектор надмина 100 милиони евра. Бројки од кои глава боли и кои не може да се остварат без некаква форма на економско-политичка симбиоза.

Фактор: Подолг период стопанството и бизнисот бараат поголеми можности за инвестициски кредити и кредити за претприемачи кои сакаат да основаат бизнис со поповолни каматни стапки од страна на банките. Дали банките во Македонија не гледаат можност да бидат партнер на бизнисот во неговото развивање и да се посветат повеќе на инвестиционите портфолија?

Гацов: Во актуелниот момент, банките немаат потреба да бидат ничиј партнер. Тие постојат сами заради себе, а сите останати стопански субјекти и граѓаните постојат заради нив. Ваквиот однос треба да се промени, во насока на создавање на алтернации за остварување на профит кај нив, а не изборот да се сведе на проширување на јазот меѓу активните и пасивните камати, провизиите и надоместоците и да се користи сигурноста на пласмените по високи каматни стапки кај државата.

Фактор: Дали ваквата состојба укажува на тоа дека депозитите на граѓаните и компаниите во Македонија се премногу ниски или пак каматите кои банките ги плаќаат по овој основ се многу пониски, па што според вашето искуство придонесува за тоа?

Гацов: Депозитните камати се прениски, но од друга страна каматите на пласмaните се превисоки. Банките користејќи ја својата позиција нема да ги менуваат ваквите односи. На нив им одговараат ваквите состојби. Ако продолжи ваквиот тренд банките ќе прејдат и во зоната на негативни депозитни камати, наплатувајќи за чувањето на парите на економските субјекти. Но се има свои граници...

На пример, се пропушта можноста со широка општествена акција да се демонетизира македонската економија. Глaавната улога овде би ја играле повторно банките, но за тоа се потребни мерки и механизми - поевтинување на услугата за сметка на зголемувањето на бројот на корисници, акција во која добитници би биле сите.

Автор: Христијан Станоевиќ


Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите