ИНТЕРВЈУ ПРИНЦ: Парите не се доволни за основни трошоци
Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2018
На познатиот музичар, автор, интерпретатор и продуцент Александар Ристовски – Принц во првите две години откако стапи на сила Законот за поддршка на домашната музичка продукција му биле одобрени 18.000 евра за шест композиции на кои е комплетен автор и продуцент и над 30.000 евра за продуцирање на дваесетина видеозаписи за други изведувачи. За „Женски Магазин“ тој прифати да проговори како ги трошел народните пари нагласувајќи дека кога ќе се одбие персонален данок и ДДВ таа сума е далеку помала.
КАТЕГОРИИТЕ СЕ БЕСПРЕДМЕТНИ
Женски Магазин *Во првите две години за кои самите потврдивте дека парите се исплатени, Ви одобриле 18.000 евра за шест композиции на кои сте комплетен автор, но и продуцент на видеозаписите. Дали сте задоволни од ваквиот исход?
Принц – Да. Три песни во 2014 и три песни во 2015 година. Бев задоволен со три композиции годишно наспроти педесетина на други автори. Со парите од првите три песни со бендот „Барбарела“, покрај трите песни и спотови („Чиста сметка долга љубов“, „Барбарела“ и „2 гитари и 3 напалени баби“) го издадовме првиот наш албум „Барбарела“, направивме промоција и снимивме три ТВ-концерти за Телма, МРТВ и заеднички за БлаБла ТВ и 24Вести. Тоа ни овозможи, колку толку, да нè слушнат и видат бидејќи како што кажувам 15 години наназад, нема музичка продукција, ниту музички уредници во ниедна телевизија во Македонија.
Целото интервју читајте го на Женски магазин, тука.