29 Март, 2024
0.0266

Интервју Радуловиќ: Силно верувам дека Summit100 ќе го унапреди регионот

Објавено во: Економија 12 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Во Скопје од 16 до 17 октомври ќе се одржи шестиот по ред Summit100 на кој на едно место ќе се собере бизнис елитата од регионот со цел да се подобрат перспективите на сите држави вклучително и Македонија со засилување на регионалната соработка и искористување на сите потенцијали за поголем економски раст и заедничка иднина. Фактор имаше екслкузивна прилика да направи интервју со Јелена Радуловиќ, еден од основачите на Summit100 која е и програмски директор, со силни заложби за унапредување на односите меѓу земјите од регионот и поголемо поврзување.

Разговараше: Христијан Станоевиќ

Фактор: Кои се вашите очекувања од 6-от Summit100 кој оваа година се одржува во Скопје од 16 до 17 октомври во хотел Мериот?

Радуловиќ: Секоја година напредуваме и секој пат додаваме уште некоја димензиja на нашата иницијатива и го шириме кругот на „шампиони“ на нашиот Summit100. На првиот имавме одличен одзив на бизнис лидерите, двајца претседатели, на Словенија и Србија, една светска ѕвезда за инспирација Мајк Зафировски поранешен CEO на Motorola, и многу позитивна енергија, како и добри и срамежливо изречени идеи за соработка. Од тој прв собир се роди важна структура за натамошниот „живот“ на Summit100 – Управниот одбор на нашата иницијатива. На вториот Summit100 во Црна Гора имавме на бината разговор со тројца премиери: на Србија, Црна Гора и БиХ како и два претставника на премиерите на Македонија и Словенија, а исто така го пробивме ледот со креативните работилници каде самите бизнис лидери потполно отворено и одговорно даваа идеи за партнерство и соработка за петте области каде препознавме потенцијал - туризам, исхрана, ICT, енергетика и градежништво. Во Цавтат имавме историски момент на дијалог на бизнис лидерите со претседателите на сите земји во регионот. Година дена потоа, во Порторож, Summit100 го подигнавме на уште повисоко ниво пред сѐ со можности за млади менаџери, посебно делот за жени лидери со претседателката на Хрватска. Со нас тогаш беше и претседателот на Европската инвестициска банка Вернер Хојер и Европската комесарка за транспорт Виолета Булц, беа и топ директори на IBM global и Boston Consulting Group.

Тогаш започнавме соработка со Нордискиот министерски совет која се уште трае. Минатата година во Сараево имавме многу конкретни идеи од кои најмногу внимание предизвикаа Green Balkanika проектот за електрификација на главните патишта на Балканот чија цел е премин на е-возила е проектот Free Cargo кој има за цел создавање на царинска унија во регионот. На тие проекти работевме и преку годината.

Во Скопје очекувам да продолжиме да го надградуваме нашиот модел, Summit100 да  зајакне со помош на добрата енергија во Скопје, дополнително да ги конкретизираме нашите идеи и по прв пат во историјата на Summit100 да ги им ги претставиме идеите на премиерите, да направиме широк фронт за институционално унапредување на соработката во регионот преку договор и потпишување на меморандум за соработка со Форумот на комори за инвестиции, дополнително да добиеме инспирација каде регионот може да биде во контекст на глобалните движења со луѓе од BMW, Google, Uber, да видиме како Европската комисија може дополнително да му помогне на регионот во смисла на поврзување од Виолета Булц, и итн. Се на се очекувам многу одлична енергија, фатастични идеи и инспирација.

Фактор: Досегашните Самити имаа звучни имиња на панелисти и учесници. Кого ни го носи Summit100 во Скопје?

Радуловиќ: Како што реков, ќе имаме по прв пат многу силен одзив од  премиерите на земјите во регионот, ни доаѓа Виолета Булц Европската комесарка за транспорт, Александар Котуц еден од клучните луѓе на на BMW Global задолжен за развој на возила, горди сме на соработката и можам да кажам константната поддршка која ја добиваме со години од претседателот Иванов. Ќе биде интересно да се чуе како нас не гледаат од Uber, Google како и Карстен Бек од Институтот за иднина од Копенхаген. Ќе ја продолжиме соработката со Нордискиот министерски совет затоа што тоа е модел кон кој ние тежнееме. Се тоа ќе биде зачинето со водечките бизнис лидери од регионот и звучни имиња од бизнис сцената.

Фактор: Клучен збор на овогодинешниот Самит е Connectivity. Тоа е широк поим, можете ли да ни откриете кои се аспектите овој поим кои ќе бидат опфатени во Скопје?

Радуловиќ: Connectivity или поврзување според нашата идеја е сеопфатен поим и затоа е наш клучен збор за шестиот годишен собир во Скопје. Пред се мислиме на поврзување во смисла на транспорт т.е. подобра инфраструктурна поврзаност, а уште подобро ако таа поврзаност е подготвена за глобалните движења за електрификација и воведување на електричните возила. Исто така, поврзување и во смисла на енергетика и туризам и креирање на поврзан регион со туристички производи за глобалниот пазар, поврзување во смисла на создавање заедничка регионална дигитална агенда која можеби ќе ни помогне да го направиме тој неопходен „квантен скок“ за регионот да го достигне глобалниот пазар.

Фактор: Која е развојната перспектива на нашиот регион, ги користиме ли нашите клучни потенцијали во вистинска мера?

Радуловиќ: Предности имаме многу, кој друг регион го има ова што го имаме ние овде? Да појдеме само од геостратешката положба како поврзаност со ЕУ, Русија, Блискиот исток, историската врска со „неврзаните“ земји, природните ресурси, Јадранското море, Дунав, Панонската рамница, планините, енергетскиот хидро потенцијал..., и на тоа да ги надоврземе креативноста која е основа на иновативноста и да не ги набројувам сите поединечни успешни риказни кои треба само да добијат на сила и големина. Се е тука, само треба да се поврзе, да се направи синергија и постави основа на интереси и понатаму да се надградува со технологија и иновативност. За жал имаме и маани, но сигурна сум дека со заедничка работа можеме предностите да ги искористиме за да ги анулираме недостатоците. Многу сме мали ако се гледа секоја држава од регионот посебно. Не поврзуваат многу работи – историјата, јазикот географската одредница, економијата и итн. Имаме многу потенцијали - од производство на храна која треба да се подигне на само едно ниво повисоко на обработка, стандардите до енергетските потенцијали на регионот кои се сеуште недоволни искористени, пред се мислам на обновливите извори на енергија. Да не ги спомнувам ИТ а и креативноста која на нашите простори ни доаѓа како генетски запис и подарок. Потенцијали има многу, а на нас е дали ќе ги искористиме или не. А, немам дилема дека единствен пат да дојдеме до максимален ефект на тие потенцијали е регионалната соработка.

Фактор: Колку сте задоволни од сите досегашни Summit100 и дали целите се остварени?

Радуловиќ: Човечки е да сме критични, некогаш и премногу. И затоа e најчесно да се каже дека сум задоволна, но не целосно бидејќи постојано гледам што можеме, што уште можеме да постигнеме. Досега многу постигнавме на овој пат од 2011 година кога почнавме од Аранѓеловац. Регионалната соработка тогаш беше посрамежлива фраза која малку се споменуваше. Сега тоа е несомнена агенда на регионот потврдена преку многу официјални канали и процеси од кои можам да го споменам Берлинскиот процес. Ако Summit100 како иницијатива придонесе за тоа барем малку јас сум многу задоволна. Целите кои ги замисливме не се остварени во целост, но одиме со крупни чекори кон нив. Се надевам на понатамошни конкретни идеи и проекти кои ќе ги договориме во Скопје на 16-17 октомври и консеквентно ќе добиеме резултати на кои сите ќе бидеме горди до следниот седми годишен собир.

Фактор: Колкав е предизвикот да се организира настан од овој калибар, дали самиот факт што се очекуваат големи играчи од бизнис и политичкиот свет создава дополнителен притисок се да биде на највисоко ниво?

Радуловиќ: Од самиот почеток оваа наша иницијатива ја замисливме на најпозитивен можен „елитистички“ начин. И тој замислен концепт навистина е отежнувачки фактор при организирање на секој годишен собир бидејќи од година во година мора да водиме сметка се да се одржи на ниво, а секој пат и да се понуди нешто ново, различно и инспиративно. Не е лесно, но еве без оглед на се успеваме.

Фактор: Кој е вашиот мотив, што ве инспирираше да бидете дел од Samit100?

Радуловиќ: Моите деца. Сакам да направам нешто што ќе го направи животот на моите деца и нивните врсници во овој наш регион, поквалитетен. Длабоко верувам дека единствен вистински пат за развој на секоја од земјите во нашиот регион во економска смисла е единствено регионалното поврзување, соработка во користењето на заедничките потенцијали, соработка во промоција на регионот, дијалог, отвореност со сочувување на национални идентитети и интегритетот на сите во регионот.

Фактор: Која е вашата препорака до македонските претприемачи и бизнисмени, а и тие од регионот, што се Samit100 може да им понуди?

Радуловиќ: Summit100 е иницијатива која во основа носи идеи и за унапредување на животот, а со самото тоа и работењето во регионот. Скептиците ќе речат дека идејата сама по себе е утопистичка, но е идеја во која јас длабоко верувам. Верувам дека нашите поединечни ангажмани во бизнисот треба секогаш да бидат над политиката, навистина можеме да допринесеме ако не ние, тогаш нашите деца да можат да живеат во некое конкурентно и квалитетно опкружување во кое сме ги поврзале интересите на нашиот регион за да можеме на сите да им овозможиме раст. Summit100 е токму платформа за интезивен дијалог за преземање одговорност на бизнис елитата за посилно поврзување на регионот, за надминување на пречките кои ја кочат подобрата соработка и препознавање на потенцијалите на регионот. Секако, не е се така едноставно бидејќи паралелно мора да ги отстраниме предрасудите и да ја почитуваме историјата. А доколку реализираме само дел од синергијата и потенцијалите сите економии во регионот ќе ги почуствуваат бенефитите и со самото тоа и сите фирми кои работат во тие економии и секако сите граѓани.  Без разлика дали се или не се вклучени во иницијативата Summit100.


Можеби ќе ве интересира

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?