20 Април, 2024
0.1604

Интервју Рибариќ: Со навремени и точни информации се носат вистински одлуки

Објавено во: Мои пари 30 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Интервју со Едвард Рибариќ, директор на Coface Adriatic Хрватска

Едвард Рибариќ, магистер по банкарство и финансии за земјите од Централна и Источна Европа, својата кариера ја започнал во Хрватската банка за обнова и развој, каде пет години бил на раководна позиција за осигурување на извозот. Потоа бил претседател на управниот одбор на Хрватското кредитно осигурување, а од 2016 година, како специјалист за управување со побарувањата, е директор на една од најголемите светски кредитни осигурувачки компании Coface Adriatic која постои веќе 70 години на светскиот пазар.

Групацијата Coface е присутна во 100 земји во светот, а нејзините  стручни лица овозможуваат сигурно работење за повеќе од 40.000 задоволни клиенти преку навремени информации и проценка на ризикот на пазарот, на индустрискиот сектор и на купувачите.

„Нудиме целосна низа иновативни производи и услуги прилагодени на потребите на претпријатија од различни големини, различни индустриски сектори и различни компаниски стратегии“, вели Рибариќ од Coface Adriatic која освен за Хрватска е задолжена и за пазарите во Словенија, БиХ, Македонија, Косово и Албанија.

ФАКТОР: Целокупниот бизнис во светот се соочува со ризик за финансиското работење и управување. Самиот термин „ризик“ секогаш ги плаши бизнисмените и нивните потенцијални инвеститори. Како и дали може да се влијае на намалување на овој ризик?

Ризикот, по дефиниција, претставува идно и неизвесно случување, а бизнис ризикот, со кој се занимава Coface Adriatic, всушност, е ризик од неплаќање. Ризикот од неплаќање и губење пари се крие во секоја фактура, независно од тоа колку добро го познавате вашиот бизнис партнер. Дури и долгогодишен уреден купувач, одеднаш, може да стане проблематичен и да го доведе во прашање опстанокот и идното работење на својот добавувач. Преку услугите што ги нуди Coface Adriatic значајно може да се намали ризикот од неплаќање, односно тоа значајно да придонесе до долгорочно стабилно работење и профитабилност на секоја компанија.

Глобализацијата на пазарот, растот на конкуренцијата во сите сектори, нестабилната економска клима, неликвидноста, крадењето на идентитет и многу други работни ризици, подолго време не дозволуваат менаџменетот да носи работни одлуки на база на инстинкт или лично чувство. Поради потребата од длабинска анализа за компанијата, но и за работа со сегашните и идните бизнис партнери, компаниите сé повеќе посветуваат внимание на користењето услуги кон тие што нудат работни информации и на Business Intelligence составот.

ФАКТОР:  Како Вие, како Coface Adriatic, го помате бизнисот да не влезе во ризични операции? Што им нудите на Клиентите?

Со помош на нашата база на податоци, во која има информации за повеќе од 80 милиони компании во светот, на Клиентите им нудиме единствена база на знаења. Овие информации им се на располагање при носење исправни и правовремени бизнис одлуки за работење со купувачите. Преку нашите бонитетни извештаи Клиентот добива многу детални информации за работењето (финансиски информации, историјат на плаќање) на своите моментални или потенцијални купувачи и врз база на тоа, во секој момент, може да ја донесе својата најдобра бизнис одлука. На база на информациите и бонитетните извештаи кои ги нуди Coface Adriatic, Клиентот значително може да го намали ризикот за своето работење преку навремена и точна информација за промените во работењето на своите бизнис партнери. Услугите на Coface Adriatic преку бонитетните извештаи овозможува онлајн пристап до сите извештаи во 34 држави.


ФАКТОР:  Во која фаза е неопходно да се вклучите Вие кога клиентот одлучува за својот бизнис и инвестиции? Кога не е доцна? И зошто токму таа фаза?

Наша препорака е претходно да се проверат новите купувачи пред воопшто да се влезе во бизнис односи, посебно имајќи ги предвид многуте измами во корпоративното работење. Од крадење идентитет сé до креирање фиктивни компании чија основна цел е да го измамат добавувачот или купувачот. Се разбира, мониторингот на постоечките купувачи и можноста за правовремена реакција, исто така, е многу важно. На пример, колку би Ви била значајна информацијата дека ќе биде покрената стечајна постапка кон вашиот купувач или дека нема доволно ликвидни средства да ги подмири долговите кон Вас?

ФАКТОР:  Веќе работите и на македонскиот пазар. Кои услуги ги нудите и дали се разликуваат од услугите во останатите држави?

На клиентите во Македонија им нудиме идентична лееза на производи кои Coface Adriatic ги нуди секаде во светот, од проценка на ризик во работењето на купувачот и бонитетните извештаи се до наплата на доспеани побарувања преку нашето глобално присуство во 98 земји во светот. Деталното познавање на купувачите и на пазарите овозможува на нашите клиенти да им обезбедиме соодветни совети и услуги, односно брза интервенција во случај на ризик при неплаќање.

ФАКТОР:  Колкав е растот на информации за компаниите?

Очекуваниот раст на пазарот на компаниски информации, во периодот од 2017 до 2021 година, се проценува на 5.2 проценти, а вредноста на пазарот, до крајот на оваа година, може да достигне 18.3 милијарди долари, најмногу благодарение на користењето на платформата во облак, каде цените се пристапни и за малите и за средните компании.

Компаниските информации, пред сé, се веродостојни, вистинити и доверливи информации на база на што менаџментот на компанијата може да донесе компетентна одлука. Во денешно време, многу лесно може да се дојде до многу голема количина податоци од различни извори, но нивната веродостојност не секогаш е беспрекорна и како такви не можат да бидат темел за квалитетно бизнис одлучување.

Постојат повеќе видови производи со чија помош може да се процени ризикот на работењето со претпријатието, а може да се издовои бонитетниот извештај кој содржи многу квалитетни информации за донесување бизнис одлуки – податоци за рејтингот, кредитната способност, блокада на сметка, финансии, недвижности и движности, сопственичка структура, правни односи и друго.


ФАКТОР: Постои ли македонски извор каде може да се добијат информации за компаниите во регионот?

Да, тоа е порталот intercredit.mk преку кој може да се нарачаат Coface бонитети бидејќи содржи повеќе од 30 милиони бонитетни извештаи за 24 европски земји, информации за бонитетната оценка, кредитните лимити и маржи. Преку Индексот на плаќање може да се дознае како претпријатието ги подмирува своите обврски и на тој начин, да ја прилагодите својата работна политика кон состојбата и навиките на бизнис партнерите. Преку овој информатор, секојдневно, ќе бидете известени за сите важни промени за компаниите од вашето портфолио.

Можеби ќе ве интересира

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!