25 Април, 2024
0.0305

ИНТЕРВЈУ РИСТЕСКИ: Обвиненијата на СЈО ќе ја “обезглават“ владеачката врхушка!

Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Претстојните избори нема да бидат идеални, но ќе бидат одлучувачки за иднината на Македонија. Предизборните притисоци, особено врз администрацијата, веќе почнаа. Обвиненијата што ги покрена Специјалното јавно одбвинителство ќе  го обезглават врвот на власта. Токму работата на СЈО ќе биде пресудна за одлуката на неопределените гласачи – вели во својот став на прашањата на “Фактор“ – универзитетскиот професор Темелко Ристески. Еве кои се неговите оценки и очекувања во предизборие и постизборно:

ФАКТОР: Дали се исполнети условите за фер и демократски избори, закажани на 11 декември, годинава?

Ристески: Очекувам да имаме добри избори. Тоа значи дека тие нема да бидат идеални, но нема да бидат ни лоши. Од аспект на фер и демократичноста на нивното спроведување, тоа значи дека не се исполнети условите тие да бидат потполно фер и демократски. Не се финалилзира постапката за прочистување на избирачкиот список. 30 500 гласачи останаа на листата на спорни гласачи. Владеачката гарнитура ќе врши притисок на буџетарите (администрација и други) да гласаат за неа. Впрочем, притисоците веќе почнаа. Очекувани се поткупувања на граѓаните, гласање наместо друг, гласање повеќе пати, од повеќе адреси, преправања на изборни исправи, изборни измами со додавање или одземање на гласачки ливчиња, со измени на бројот на гласовите при пребројувањето или при објавувањето на резултатите од гласањето и сл. Но поради зајакнатиот мониторинг кој се очекува, ваквите појави ќе бидат во значитално помал број отколку во претходните избори.

ФАКТОР:Какви избори, односно изборен ден не очекува?

Ристески: Мислам дека не очекуваат мирни избори, односно мирен изборен ден. Ова пред се поради зајакнатиот мониторинг, а и поради етнопсихолошките осбини на македонските граѓани. Македонецот е мирен. Се мири со малку. Наведната глава сабја не ја сече е често слушана изрека кај припадниците на средната и постарата генерација. Покрај тоа треба да се има во вид и досегашното искуство. Сите досегашни избори поминаа без некои поголеми екцеси. Имаше екцеси, но соо глед н а обемот на изборите гледани како глобална општествена акција тие немаа значително влијание врз квалитетот на процесот на гласањето од аспект на редот и мирот при неговото спроведување.

ФАКТОР: Колку и како е важна улогата на СЈО, односно исходот од почнатите истраги и покренатите обвиненија во овој предизборен период?

Ристески: СЈО може да одигра голема улога во менувањето на ставот на граѓаните кон владеачката гарнитура. Поведувањето на истрагите поради основи на сомнение за сторени тешки кривични дела на злоупотреба на службената положба, против слободите и правата на граѓаните , против изборите и гласањето и др. и поднесувањето на обвиненија поради утврдено основано сомнение за сторување на такви дела в о услови на тешка сиромаштија и неизвесност за иднината ја поткопува довербата кај оние гласачи кои досега беа цврсто определени да гласаат за таа гарнитура. Посебно е значајно влијанието на неопределените гласачи. Впрочем, интензивираното поведување на обвинителски истраги и поднесувањето на обвиненија до кое дојде во последно време значително ја раздрма јавноста и доведе до бројни јавни осуди на владеачката гарнитура преку средствата за јавно информирање, посебно преку новите медиуми.

ФАКТОР: По завршување на изборите, што може да се очекува,  разврска на политичката криза или можеби уште подлабока неизвесност и нестабилност на внатрешно политички план?

Ристески: Политичката криза има своја материјална основа. Нејзина материјална основа е лошата економска состојба во општеството поради лошото менаџирање на економијата од страна на владеачката гарнитура, поради нејзиното криминално владеење и поради сиромаштијата и неизвесноста во општеството. Доколку на изборите победи опозицијата може да се очекува работите да тргнат на подобро. Опозицијата мора барам делумно да се придржува на нејзините предизборни ветувања. Сегашната владеачка гарнитура ќе остане обезглавена, затоа што обвиненијата против голем број нејзини челници ќе се процесуираат. Поради фактот што економската криза не може веднаш да се разреши, туку за тоа ќе треба да поминат повеќе години, можни се извесни превирања во општеството, но не со голем интензитет. Доколку пак победата ја освои актуелната владеачка гарнитура политичката криза нема да се разреши. Криминализираната владеачка гарнитура ќе се осоколи. Ќе продолжи со стариот стил на владеење. Очекувани се прогони на поистакнатите нејзини неистомисленици. Очекувана е извесна криза кај опозицијата додека таа не се консолидира по евентуалниот пораз. Потоа кризата ќе продолжи со уште поголема жестина затоа што значителен фактор во општеството се граѓаните какои поединци и организирани во здруженија на граѓани. Тие ,за наша среќа значително се ослободија, или дигнаа глава, што би рекол нашиот народ и нема да ја наведнат се додека на криминалот на владеачката гарнитура не му станат на крај. Огромен број граѓани се свесни дека извор на тешката сиромаштија и неизвесност во општеството е токму тој криминал.

Д.А.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација