22 Јануари, 2018
0.4598
    ALK 7698.52    0.63%     AUMK 1700    0.06%     GRNT 830    0.73%     KMB 3135.87    -0.52%     MPT 28907    -3%     MTUR 4158    -2.16%     OKTA 3200    2.86%     RMDEN16 94.5    0.11%     RZUS 124    9.73%     STB 970    1.04%     STIL 154    1.61%     TEH 140    -6.67%     TEL 283    1.07%     TETE 2060    3%     TKVS 3106    -3%     TPLF 1798.38    -0.03%     TTK 950    -0.12%     ZPKO 2700    -0.37%

Интервју Сашо Јанкоски, градоначалник на Вевчани: Вевчанскиот карневал е од народот и за народот

Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2018

Карневалска треска во Вевчани. Илајдници вевчанци од целиот свет се прибираат дома за да учествуваат во единствената “претстава” под отворено небо,  залиена со црвено вино, во која велат  има место  за секој добронамерник со карневалски дух. Големиот уличен театар  кој го сочинуваа околу 20-ина групи маски, кои на сатиричен начин ги прикажуваат најважните случувања и настани што ја одбележаа минатата година е гордост за жителите кои до последен миг ги кријат во тајност маските.Градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанкоски, во интервју за Фактор, вели дека секоја година манифестацијата привлекува се поголем број на туристи и претставува своевиден бренд за местото. Обичаите преточени во спектакл  јасно ја отсликувала потребата на луѓето преку маски да се ослободат од злото и од црните мисли, а  Вевчани се претвора во сцена на која маскираните ги играат своите улоги во секоја улица, сокаче.

Јанкоски: Вевчанскиот карневал има традиција на одржување над 1400 години, а се смета и дека тој постои од кога постои и Вевчани. Карневалот е настан што се третира како живо наследство што значи дека се практикува и пренесува како традиција од генерација на генерација од самите луѓе. Досегашните искуства за карневалот се во суштина позитивни, а карактеристика на карневалот е дека секоја година има различни маски, односно постои непишано правило дека не треба да се повторуваат маските од претходните години, освен традиционалните маски. Тоа е настан кој е организиран и живее од народот и за народот на општина Вевчани.

Вевчанскиот карневал во суштина е обичај под маска, кој се нарекува Свети Васиља (Василица). Учесниците односно Василичарите се маскирани поединци и групи од сите возрасти. Како традиционални маски кои се прават секоја година се : зет и невеста, Глупавиот Август и музичарите. Особено е карактеристична улогата на Глупавиот Август. Оваа маска обично ја носат млади луѓе, полни со енергија, а кои со публиката комуницираат со невообичаени движења и гестови, но и со карактеристичен врисок.Останатите маски кои може да се сретнат на карневалот се помали или поголеми групи, кои со костумите, гестовите и движењата обично ги исмеваат и жигосуваат појавите и личностите од општествениот живот, политиката, секојдневниот живот и сл. Први на вратите чукаат зетот и невестата, како главни маски, а по нив и останатите василичари.Секоја година се маскираат нови лица како зет и невеста, исто така машкото се маскира како невеста и по традиција е да се шета по сите куќи, при што се тропа три пати на вратата и луѓето ја даруваат невестата со пари. Маскираните Василичари и приредуваат добредојде на Стара нова година со познатиот василичарски карневал, и со полноќното крштевање вода во познатиот вевчански извор, жителите на селото ја продолжуваат својата стара традиција.


Фактор: Секоја година преку маски се испраќаат пораки на критика за  актуелните политичко-општествени случувања. Што ќе биде во фокусот оваа година?

Јанкоски: Организирањето и настапот на маските традиционално се држат во тајност. Никој не може да знае какви маски ќе има се до денот на карневалското дефиле. Ќе бидеме присутни на самиот настан и ќе  бидеме сведоци на уникатноста на учесниците кои во овие денови ја имаат сета слобода да критикуваат и иронизираат.


Фактор: Кој и колку време ги изработува маските? Има ли тајна во изработката и подготовката на карневалот?

Јанкоски: Маските се изработуваат од страна на самите луѓе, населението на општина Вевчани, а во зависност од големината на групата која се маскира и големината на маската, изработката на маските започнува, неколку месеци пред карневалот. Карневалските групи и поединци маските ги подготвуваат и изработуваат во целосна тајност, а тајната е во креативноста на учесниците и нивните идеи, инспирирани од појавите и личностите од општествениот живот, политиката, секојдневниот живот и сл.

Фактор: Како е  организирана овогодинешната манифестација?

Јанкоски: Староста, континуитетот и оригиналноста ја афирмира Република Македонија како земја со богата карневалска традиција.


Вевчанскиот карневал е живо културно наследство кое нема профитни цели, односно е  во функција на презентација, меѓународна афирмација и популаризација на културното богатство, зголемувањето на туристичката понуда како и остварување на соработка со карневалски градови и манифестации. Овој настан се случува само еднаш во годината каде што се слави доаѓањето на Новата година според стариот календар и претставува уникатен спој помеѓу паганскиот и современиот начин на прослава. Вевчанскиот карневал се одвојува од останатите во светот поради неговата традиционалност, архаичност и уникатни маски.И оваа година каревалот почна  со забавниот дел со  групите Pluto’s Doubts , Фолтин, и диџејот Кирил Џајковски. Денеска е дефилето на маски. Во пресрет на Василица и пречекот на православната Нова година ќе ги чуеме  Чалгија саунд систем, Џамбо Агушев оркестар и Блага Петреска кои ќе ги забавуваат василичарите и гостите на Вевчани. Кулминација на настанот е на 14 јануари на  сретсело со василичарско оро на околу илјада маски. Карневалот ќе заврши тој ден попладне со традиционалното палење на маските.Карневалот годинава е за време на викенд и очекуваме многу посетители од земјава и од странство. Вевчанскиот карневал е најстар карневал, со најдолга традиција во Македонија и пошироко. Од 1993 година карневалот е член на Здружението на европските карневалски градови.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат да се повлече Законот за употреба на јазиците

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат да се повлече Законот за употреба на јазиците

Каде во Македонија има најдебела снежна покривка?

Каде во Македонија има најдебела снежна покривка?

Села сака да се врати во Владата на Заев?

Села сака да се врати во Владата на Заев?

По средбата Заев-Ципрас Нимиц доаѓа во Скопје?

По средбата Заев-Ципрас Нимиц доаѓа во Скопје?

Судењето одложено: Што ќе утврдуваат вештаците за дедото на починатата Тамара?

Судењето одложено: Што ќе утврдуваат вештаците за дедото на починатата Тамара?

Шекеринска ја отвори обуката за градење интегритет за највисокото раководство на МО и АРМ

Шекеринска ја отвори обуката за градење интегритет за највисокото раководство на МО и АРМ

Како до поголема транспарентност за службените патувања во странство?

Како до поголема транспарентност за службените патувања во странство?

МНР ги осуди политиките на омраза и нетрпение на протестите во Солун

МНР ги осуди политиките на омраза и нетрпение на протестите во Солун

Македонија најверојатно без Лазаров до крајот на првенството

Македонија најверојатно без Лазаров до крајот на првенството