28 Март, 2024
0.0259

Garage Sale и годинава ќе донесе прекрасно шопинг искуство

Интервју со Ајхан Узун, Генерален Директор на Рамсторе Македонија

Објавено во: Мои пари 14 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Граѓаните секогаш се среќни кога ќе го добијат она што најмногу им е потребно и најмногу им се допаѓа, притоа да не потрошат многу пари, а Garage Sale токму тоа им го овозможува, вели Ајхан Узун, генерален директор на Рамсторе Македонија

Секаде во светот сезонските попусти се време кое со нетрпение го чекаат купувачите за да можат по пониски цени од стандардните да се стекнат со некое ново парче облека, за себе или за останатите членови на семејството или да купат нешто за разубавување на својот дом. И во Македонија со години наназад се практикуваат распродажби, а една од најпознатите и најуспешните такви акции, која се организира веќе пет години по ред, е добропознатата Garage Sale промоција која се случува во Рамстор Мол. За оваа успешна акција разговараме со генералниот директор на Рамсторе, господинот Ајхан Узун.

Рамстор Мол по многу нешта е единствен и иновативен, не само во главниот град, туку и во целата земја. Тој беше првиот трговски центар изграден во Македонија, кој донесе еден нов концепт на пазарување каде шопингот веќе не е само потреба туку претставува и задоволство. И Garage Sale беше новина, а со оглед дека се организира веќе седми пат по ред, очигледно дек станува збор за успешна акција?

Ајхан Узун: Рамстор Мол, кој веќе 12 години опстојува во срцето на градот, од секогаш настојувал да биде иновативен, единствен и препознатлив. Тоа што трговскиот центар секојдневно го посетуваат околу 20.000 луѓе од кои дел дошле на шопинг, дел да уживаат во некое од кафулињата и рестораните или пак да поминат убави мигови со најмалите членови на семејствата, е доказ дека во тоа се успева.

Својата иновативност Рамстор Мол ја потврди и со организирање Garage Sale, новина која решивме да ја примениме и во Македонија водејќи се од светските истражувања и искуства кои покажуваат дека сезонските распродажби се нешто што носи огромно задоволство за купувачите. Тие тогаш можат по намалени цени да ја обноват својата гардероба, да ги израдуваат најмилите, да купат подарок или да го подноват својот дом. Овој концепт претставува бенефит за сите – не само за купувачите туку и за трговците. Зашто тогаш и тие можат да понудат квалитетни производи кои од некои причини во претходниот период не биле забележани од купувачите.

Во секој случај, Garage Sale е вистински одговор на потребите и носи корист за сите. Поради ова секоја година покрај летниот, организираме и зимски Garage Sale кој исто така е полн погодок. Со еден збор, она што на почетокот беше новина, денес стана традиција која планираме да ја продолжиме и во иднина.

Светскиот концепт на сезонско намалување и распродажби Рамстор Мол го организира по седми пат. Што значи тоа за вас и што можат да очекуваат купувачите од годинешниот Garage Sale?

Ајхан Узун: Ние од самиот почеток имаме поставено високи стандарди што и придонесе да бидеме лидер во тој сегмент. Но тоа е и голема обврска, многу работа и напор, борба со времето, и постојана будност при следење на пазарот и трендовите. Во согласност со нашата стратегија, и овојпат, во сите продавници во нашиот трговски центар, вклучувајќи го и Рамстор супермаркетот, купувачите ќе можат да најдат производи со цени намалени дури и до 70 отсто. Се надеваме дека сите посетители ќе бидат задоволни од понудата, цената и квалитетот и дека оваа акција за нив повторно ќе биде нешто што ќе им биде од голема корист при задоволување на сопствените барања и желби.

Според досегашното искуство, што најмногу бараат купувачите при вакви големи акции каква што е Garage Sale?

Ајхан Узун: Купувачите секогаш посебно внимание обрнуваат на купување облека. Впрочем, правило број еден за љубителите на шопингот е да најдат облека од било која сезона по намалена цена. Потоа следат обувките и накитот, а во последно време во пораст е и побарувачката за детската облека. Генерално, ние се задржуваме кон концептот кој го изградивме во текот на изминатите години па нашата акција Garage Sale нуди одлична можност за сите оние кои ќе одлучат да си ја подноват својата гардероба со некое брендирано парче облека или моден додаток, и истото сега ќе можат да го добијат по ексклузивно намалена цена.

Според досегашното искуство, во периодот додека трае кампањата посетеноста на Ramstore Mall се зголемува за околу 50  отсто. Дали истото го очекувате и годинава?

Ајхан Узун: За време на маркетинг кампањата Garage Sale имаме и над 150.000 посетители и тогаш е вистинска врвулица од среќни луѓе.  Тоа е  еден целокупен настан во корист и полза на сите посетители, тие успешно и среќно да го поминат своето време и се збогатат со ново и пријатно шопинг искуство. Граѓаните секогаш се среќни кога ќе го добијат она што најмногу им е потребно и најмногу им се допаѓа, притоа да не потрошат многу пари, а Garage Sale токму тоа им го овозможува. Оттаму очекуваме во периодот од 17 до 23 август Рамстор Молбиде омилената шопинг дестинација во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија