19 Април, 2024
0.0268

Интервју со Д-р Горан Василев: Нудиме најниски каматни стапки за станбените кредити во Македонија и градиме односи на долгорочна доверба и сигурност

Објавено во: Економија 28 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Интервју со Д-р. Горан Василев, Менаџер на Сектор за население во Силк Роуд Банка

Фактор: Колкав е интересот и потребата на македонските граѓани за аплицирање за станбени кредити?

ГВ: Во споредба со минатата година, годинава бројот на апликации за кредити во Силк Роуд Банка значително се зголеми и банката стана препознатлива меѓу граѓаните кои аплицираат за кредити. Особено кога станува збор за нашите станбени кредити – тие се сметаат за најповолни во Македонија и граѓаните решаваат да аплицираат за кредит во нашата банка преку брза и едноставна процедура. Покрај најниските каматни стапки за станбен кредит, Силк Роуд Банка нуди други бенефити за апликантите, без никакви административни трошоци или трошоци за рефинансирање на кредит од друга банка, како и без трошоци за аплицирање и проценка. Една од главните придобивки на нашиот станбен кредит е можноста за предодобрување за само еден ден, како и нашата соработка со најголемите и најуспешните градежни компании во поглед на финансирање на станбени кредити само со предбележување на станот, со најниско учество, кое се движи од 10 до 15%.

Фактор: Што очекуваат клиентите кога аплицираат за станбен кредит? Што е најважното за нив кога аплицираат за ваков кредит?

ГВ: Покрај каматната стапка, односот и довербата меѓу клиентите и банката се најважни. Силк Роуд Банка ги нуди најниските фиксни каматни стапки од 2,9% за кредит со девизна клаузула и 3,9% за кредити со денарска клаузула, за првите три години, како и најниска променлива каматна стапка од 5,85% за останатиот период. Ова е само првиот чекор кон воспоставување на долгорочна соработка. Исто така, клиентите сакаат да се чувствуваат сигурно и безбедно, односно сакаат првата понуда која ќе ја добијат кога за прв пат ќе влезат во банката, да биде истата и во моментот кога ќе го добијат договорот за потпишување. Ги добиваат сите бенефити без скриени трошоци. Искреноста, довербата и брзиот одговор се основата врз која го градиме партнерството со нашите клиенти. Создаваме посебни понуди кои одговараат на сечиј буџет и го нудиме соодветното решение за секоја потреба. Достапни сме не само преку нашата мрежа на експозитури, кои се главните продажни места, туку и преку нашата веб платформа за банкарство, која во моментов се надоградува кон нова верзија, која ќе понуди голем спектар на нови функционалности, за поиновативни и попристапни банкарски решенија.

Фактор: Најголемата грижа при аплицирањето за кредит се скриените трошоци. Можете ли да ни објасните нешто повеќе за нив?

ГВ: Нема причина за загриженост во поглед на тоа, имајќи предвид дека скриените трошоци не се дел од карактеристиките на нашите производи. Единствените дополнителни трошоци се небанкарскитетрошоци, како тие за регистрирање на хипотека и за осигурување, кои се наплаќаат од нотари и адвокати. Основните принципи на нашата политика се да ги третираме клиентите отворено и транспарентно. Како што веќе напоменав, ги креираме најповолните и најиновативните производи и градиме односи на доверба и безбедност.

Фактор: На крајот, кои се вашите очекувања за наредниот период?

ГВ: Очекуваме дополнително зголемување во побарувачката на нашите производи, кредити и депозити, од страна на клиентите од бизнис секторот, како и од физичките лица. Побарувачката на станови е поинтензивна во овој период од годината, а градежната индустрија е во експанзија, проследена со благ пад на цените на становите. Во оваа насока, Силк Роуд Банка останува подготвена и цели кон барање и наоѓање на најдобрите решенија за потребите и желбите на клиентите. Во нашата банка клиентите добиваат услуга, ефикасност и доверба според препознатливи швајцарски банкарски стандарди. 

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите