26 Април, 2024
0.1285

Интервју со Ива Матиќ: Прва жена воен пилот во Македонија

Објавено во: Стил 22 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Оваа прекрасна дама е кралица на небото. Таа работи една од петте највозбудливи професии на светско ниво.

Ива Матиќ е 29 годишна скопјанка, корчагинка, магистер по електротехника и прва жена воен пилот во Македонија. Таа е капетан во Армијата на Република Македонија, и во последните 3 и пол години нејзиниот просечен работен ден подразбира управување со воен хеликоптер Ми-17. А кога е на земја и не е во униформа, обожава да патува и вози велосипед, ужива до друштво, книги, стрипови, астрономија…

Женски Магазин – Ова е генерално професија во која ретко има жени. Токму и затоа веднаш би сакале да ни откриете какво е вашето искуство? Како ве доживуваат колегите? Како се однесуваат? 

Ива- Од аспект на тоа дали и како сум се прилагодила на околината можам да кажам дека немав / немам никаков проблем затоа што и претходно бев во средина каде што преовладуваа мажите бидејќи завршив Факултетот за електротехника и информациски технологии. А за тоа како ме доживуваат колегите треба да ги прашате нив, јас само можам да кажам дека во мојот потесен круг колегите имаат коректен однос со мене.

Целото интервју прочитајте го на Женски Магазин, овде

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти