24 Април, 2024
0.0253

ИНТЕРВЈУ ТАЊА КОЧОВСКА: Одмарав од театарот само кога ги раѓав децата

Објавено во: Стил 26 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Публиката ја сака поради нејзината природност, искреност и смислата за хумор и умешноста да се шегува на своја сметка. Најмногу ја обожаваат децата, особено кога во Театарот за деца и младинци глуми глушец, принцеза, каубој… Покрај сево ова, Тања Кочовска-Павловска е единствена појава поради својот голем двоен талент, пеење и глума. Иако со фестивалите раскрсти пред повеќе од 20 години, нејзината макфестовска „Твојте очи мој сине“, остана како евергрин. Пред Тања, од неодамна е нова животна цел. По 23 години, таа веќе не е вработена во ТДМ, кој го смени со МНТ. Од големата љубов кон својата работа, се уште, паралелно игра и на двете сцени. Вели дека долго ја следел прекарот Тања Мањифико, поради нејзините родители, легендарните музичари Панче и Невена Кочовски од составот „Мањифико“. Горда е што е сестра на Лидија, сопруга на актерот Предраг Павловски, а најмногу зашто е мајка на Нела и на Александар. Во понеделникот, таа го прослави својот 51. роденден, а за „Женски Магазин“ раскажа зошто нејзиниот живот е прекрасен.

Интервјуто читајте го на Женски магазин, овде.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган