29 Март, 2024
0.0267

ИНТЕРВЈУ-ВАСИЛ ЗАФИРЧЕВ: Врската на Марио и на Тони во „Преспав“ не е табу туку комедија

Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Тоа што Марио и Тони се во љубовна врска е само појдовна точка за дејствување. Најважно за нас актерите, а и најинтересно за публиката е пред се начинот на кој тие ја остваруваат таа релација и средствата кои притоа ги користат за тоа. Како ќе се развива понатаму најдобро е да остане изненадување, и за публиката, а и за нас актерите.

За него е предизвик да си лажниот хрватски готвач Марио, во серијата „Преспав“. Уште поголема забава му беше кога требаше во ист кадар да се појави со неговиот близнак, Дарио. Поради „врската“ со Тони (Игор Стојчевски), најстариот од преспанските браќа Бузалески, Миле (Игор Џамбазов) симпатично го нарекува „снашке“. Тој пак и е верен сојузник на својата колешка Јела, рецепционарката Јелена (Јелена Јованова). Гледачите на Тв „24“ кои го следат во серијата секој вторник и среда најмногу го обожаваат поради неговите две најпознати изреки: „Мицко моја“, и „Нека ти Буда помогне“. 

Женски магазин-Поради патријархалната средина во која живееме, дали се двоумеше да ја прифатиш приказната од сценариото на „Преспав“, дека Марио и Тони се во врска?

Зафирчев- Актерската професија не признава патријархален концепт, туку пред се слобода во изразот и во размислувањето. Таа мора да го промислува животот во сите негови значења и аспекти, независно од општоприфатениот и усвоен начин на размислување на мнозинството. И да понуди поинакви концепти на размисла, чувствување и доживување. Она што за средината е предрасуда или табу, во актерството станува пречка која задолжително треба да се совлада. Добриот актер треба и мора да знае да одигра се. Независно од неговото лично доживување и впечаток за ликот кој го толкува. Предизвикот наречен „Преспав“ за мене беше голем и исклучително провокативен. И во лична и во професионална смисла. Не само заради поделбата на улогите, природата на ликовите и нивните меѓусебни односи, туку пред се заради самата жанровска дефиниција на ситкомот, неговата промоција и афирмација во македонскиот медиумски простор, како и високите креативни и продукциски стандарди кои „ОХО“ продукција ги постави со „Преспав“ како прв телевизиски формат од овој тип кај нас.

Целото интервју прочитајте го на Женски магазин, тука.

Можеби ќе ве интересира

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата