20 Април, 2024
0.0353

Интервју Весна Стојановска: Средствата на членовите на вториот и третиот пензиски столб успешно се оплодуваат

Објавено во: Мои пари 07 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

„Населението континуирано треба да го следи и да се информира за реформираниот пензиски систем бидејќи станува збор за придобивка која луѓето не ја користат на почетокот на работниот век. Оттука, помладите лица помалку се заинтересирани за да се информираат за пензискиот систем бидејќи придобивките од него ги користат на повозрасни години“, вели Весна Стојановска, член на управниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје. Ова друштво, во соработка со Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) и со другото пензиско друштво НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје изминатиов период спроведуваат интензивна кампања за зголемување на нивото на информираност на граѓаните во врска со реформираниот пензиски систем, пензиските фондови и придобивките што ги имаат од членувањето во нив. Во рамките на таа кампања функционира и интернет страницата www.penzija.mk, на која може да се најдат многу корисни информации за пензискиот систем.  

Како ја оценувате ефикасноста на вториот пензиски столб 11 години по првата уплата на средства во него? 

- Реформите се секогаш добредојдени бидејќи тоа значи дека нешто се движи во насока кон подобро. Една од основите цели на капитално финансираното пензиско осигурување е да се обезбеди долгорочна стабилност и сигурност на пензискиот систем и сметам дека Друштвото успешно ја исполнува оваа цел. Може да се каже дека Друштвото својата  функција – управување со средствата на членовите успешно ја извршува, доколку се земе предвид движењето на приносот во изминатите години. Средствата успешно се оплодуваат согласно поставените цели, а особено ни е драго што нашите инвестициски стратегии се и меѓународно признаени и наградени. Можеби 11 години е релативно краток период да се согледа ефикасноста на системот, имајќи предвид дека минатата година Друштвото го имаше првиот пензионер во КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд и. Со тоа Друштвото за првпат го заокружи целиот процес на членство во задолжителен пензиски фонд почнувајќи од зачленувањето, па се до моментот на пензионирање, односно исплата на пензија од втор столб преку програмирани повлекувања.

Колку средства се акумулирани на индивидуалните сметки на членовите навториот и на третиот пензиски столб?

- Нето средствата на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје, според податоците на МАПАС заклучно со мај годинава изнесуваа околу 27.7 милиони денари, односно повеќе од 449 милиони евра во управување. Додека во доброволниот фонд во истиот период управуваме со околу 610,2 милиони денари нето средства на нашите членови, што се приближно 10 милиони евра. Заклучно со мај, нашите услуги ги уживаат 229.139 членови и времено распределени лица во вториот столб и 14.031 член во доброволниот фонд, односно третиот столб.

Инвестирањето на средствата акумулирано во пензиските фондови е главна обврска на пензиските друштва. Колку се ризични овие вложувања и дали членовите на вториот и третиот столб треба да се загрижени за сигурноста на своите пари?

- Целта на Друштвото е средствата на членовите на пеннзиските фондови со кој управува да бидат сигурни. Затоа секоја инвестиција е во согласност со правилата што гарантираат: сигурност, диверзификација на ризикот од инвестиции и одржување на ликвидност на средствата. Ризици секако дека постојат, но сакаме да напоменеме дека од почетокот на своето работење една од главните цели на Друштвото е да го максимизираме приносот на инвестираните средства на осигурениците, притоа водејќи сметка за максимално минимизирање на ризикот. Работењето на пензиските фоднови е под контрола на МАПАС, но и на посебни работни единици формирани од пензиските друштва за управување со ризиците како пазарниот ризик, кредитниот ризик, ликвидносниот ризик и сл., каде овие ризици се дневно мониторирани и од кои ако произлегува укажување за зголемување на одреден ризик се даваат препораки за нивно намалување или целосно елиминирање. Инвестираните средства имаат висока стапка на сигурност бидејќи се чуваат кај банки чувари на имотот кои се одговорни за имотот на пензиските фондови. Тие се водат на посебни старателски сметки во домашни и странски институции и не влегуваат во имотот на Друштвата за управување со пензиски фондови, туку средствата се во сопственост на членовите на пензиските фондови според уделите кои ги имаат на своите сметки.

Каков е процентот на членување во доброволниот пензиски фонд, односно во третиот столб споредено со претходните години? Се решаваат ли повеќе луѓе за дополнително штедење преку овој столб? 

- Популарноста на третиот столб  зема замав во последните години. Бројот на членови во третиот столб од почетокот на неговото функционирање до денес бележи константен раст, но сѐ уште не можеме да кажеме дека свеста на луѓето за доброволното пензиско штедење е на задоволително ниво, а уште помалку дека постои навика за ваквиот начин на штедење. Друштвото се стреми да се изгради култура на штедење  со што третиот стоб ќе стане секојдневие, ќе прерасне во навика и  поголем број на граѓани ќе ги уживаат неговите придобивки, без разлика дали станува збор за индивидуало или штедење преку компанија. Ние како Друштво, односно нашите агенти пред сѐ преку директна комуникација со потенцијалните членови се трудиме што повеќе да го доближиме до населението ваквиот начин на штедење и бенефитите што тој ги нуди, односно да им воочиме колку е важно што порано да се почне да се мисли за иднината. Впрочем, „Иднината денес“ е нашето основно мото.

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга