25 Април, 2024
0.0259

ИНТЕРВЈУ Живко Митревски: Економската ситуација е сложена, но протести не се потребни!

Објавено во: Економија 01 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Колку минималната плата од 8060 денари ја подобри социјално-економската состојба на 65 000 работници. Колкав број на работници живеат од минималец? Дали бизнисмените го почитуваат Законот за работни односи? На овие прашања, на Денот на Трудот, за “Фактор“ зборува претседателот на ССМ Живко Митревски. Првиот синдикалец смета дека битката за работничките права не треба да се води на улица, туку преку активни преговори со власта и стопанството, поради што е мета на критики на многу невладини организации, и на дел од граѓанскиот сектор. Тој сепак, во интервју за Фактор признава дека е факт оти денес работниците во РМ се соочуваат со сложена економска состојба. ФАКТОР: Ако ја сумирате годината од еден до друг 1 ви мај, што можете да посoчите како успех на синдикатот во одбрана на работничките права ? МИТРЕВСКИ: ССМ, во рамките на своите програмски определби, а во поглед на остварување на своите цели, во континуитет, а особено по 2010 година наваму, успеа да го запре трендот на намалување на работничките права. Во оваа смисла, во работното законодавство, посебно во минатата 2012 год., направени се низа измени во ЗРО кои одат во оваа насока. ФАКТОР: Кои се тие? МИТРЕВСКИ Хронолошки би навел неколку од измените поврзани со обврската на работодавачот да го исплаќа надоместокот на плата и по истекот на 30 дена во случај на неспособност на работникот која дошла поради необезбедени мерки согласно законот за Безбедност и здравје при работа.Направен е клучен исчекор во заштитата на одредени категории работници, посебно во делот на заштитата на работничка по основ на бременост, раѓање и родителство, каде што се забранети сите облици на дискриминација на работничката поради бременот, раѓање и родителство, без оглед на времетраењето и видот на работниот однос, заснован согласно закон. Кај оваа категорија, согласно измените, се забрануваат сите облици на дискриминација на работничката, како во однос на пристапот кон вработување, условите за работа, и сите права од работен однос поврзани со состојба на бременост или користат права поврзани со раѓање, бременост и родителство. Решен е еден од деценските спорови поврзан со условите за пензионирање и остварување на правото на пензија кај рударите кои работат во рудници со подземен коп, со кој им се обезбеди право на намалување на старосната граница за стекнување на старосна пензија. Во правилникот за утврдување на работните места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење, утврдени се дополнително нов број на работни места, повеќе од 20, кои имаат карактер на работни места со бенефициран стаж. ФАКТОР: Тука се вбројува и минималната плата? МИТРЕВСКИ: Во 2012 год. донесен е Законот за минимална плата, првпат од осамостојувањето на РМ, што претставува историски чекор во подобрување на социјално-економскта состојба на вработените, а посебно на работниците во ниско продуктивните гранки, кои пред донесувањто на законот земаа двојно пониска плата од онаа утврдена во Законот за минимална плата. Во текот на 2012 год. прифатени се барањата на ССМ поддржани од другите синдикати за донесување на закон за забрана од психичко вознемирување - мобинг, чиј предлог е поминат на Економско-социјалниот Совет, доставен е до Парламентот на РМ и се очекува негово скоро донесување. Во Законот за образование на возрасни и законот за стручно образование и обука направени се измени и дополнувања со што претставниците на репрезентативните синдикати се вклучуваат во управните одбори. Исто вакво решение со обезбедена партиципација на репрезентативните синдикати е утврдено и за УО на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Тука е и постигнатиот договор според кој старосната граница на службата на професионалните војници се поместува од 38 на 45 години, што е во согласност со принципите на НАТО и пример на повеќе земји членки на НАТО, а старосната граница за регрутирање се помести од 23 на 25 години. ФАКТОР: Што станува со енергетскиот сектор? МИТРЕВСКИ: Самостојниот синдикат на работниците од енергетика и стопанство на Македонија, еден од гранските синдикати членки на ССМ е потписник на Колективниот договор за енергетика. Потпишувањето на овој Колективен договор е историски момент кога за првпат во земјата се верификуваа правата на работниците на енергетските компании од приватниот сектор, а во кој се применети меѓународните работнички стандарди, посебно во однос на безбедноста и заштитата при работа, платите, надоместоците и други права. За разлика од голем дел на држави, кои како резултат на кризата драстично ја зголемија флексибилизацијата на работниот однос, ние успеавме да постигнеме драстично подобрување на намалување на работниот однос на определено време во неопределено време. Тоа го покажуваат и статистичките податоци, според кои во минатата година кај 9.281 работодавачи со 83.659 вработени имало 20.260 лица со определно работно време, или 24,5% и заклучно со овој месец, бројот на работодавачите што имаат работници со определно работно време е намален во 8.468 компании. Бројот на вработени е зголемен од 83.659 на 88.463, а истовремено бројот на оние работници со определно работно време е намален од 20.260 на 16.671, што претставува намалување за 6,5%. ФАКТОР: Дали е подобрена состојбата на работникот, и воопшто како е подобрена, кога на терен се чувствува една општа беспарица, дури се чини дека работниците никогаш не биле во вака тешка ситуација, ако се разбира ја иземеме транзицијата? МИТРЕВСКИ: Состојбата на работниците насекаде, па и во Македонија, не може да биде издвоена и мора да ја поврземе со состојбата која ја наметна светската економска финансиска и должничка криза. ССМ се грижеше да ја обезебди состојбата на работниците преку три столба , да нема отпуштања, да нема намалувања на платите и да нема зголемување на пензиската граница, како и во делот на подобрување на работно-правната положба. Што се однесува до економско-социјалната состојба, наше мислење е дека со донесувањето на Законот за минимална плата направивме историски исчекор и на овој план и со донесувањето на Законот за минимална плата директно ја подобривме положбата на 65.000 работници кои пред донесувањето на овој закон примаа плата од 4.500 до 5500 ден. Обидите да се дезавуира законот од некои структури и делот на грејс период кој е предвиден, ние уште од почетокот тврдевме дека не се точни, зашто ако се има во предвид нормалниот учинок, работниот стаж на грото вработени во секторот на текстил, кожа и чевли, покажувше дека во старт над 80% од вработените ја примаат таа минимална утврдена плата. Чекорот што го превзема ССМ во делот со справување со енергетската сиромаштија, што беше дел од мерките утврдени во нашите барања во пакетот на анти-кризни мерки доставен до Владата во 2010 год. е само еден дел од нашата заложба за подобрување на состојбата на работникот. Процесот на потпишување на колективни договори, покажа дека најниската плата во гранките со оглед на зголемување на висината на платите утврдена во Законот за минимална плата отвори простор со кој се зголемија платите во одделни гранки и до 30%. Исто така, решавањето на проблемите што исто така за првпат се случи по 20 години, а во врска со категоријата на сезонски работници, е еден од конкретните придонеси на ССМ во подобрување на состојбата на работниците. ФАКТОР: Што покажуваат анализите во однос на тоа колку од страна на стопанствениците се почитува минималната плата? МИТРЕВСКИ: Анализите направени од страна на Организацијата на работодавачи на РМ и од страна на ССМ покажаа дека од донесувањето на Законот за минимална плата до денес, има разлика во делот на неисплатата согласно овој закон, не повеќе од 10%. Со зголемување на заложбите на синдикатите за зголемен инспекциски надзор и со активностите на МТСП, но и со кампањата која ја имавме околу законот за минимална плата, со едукацијата и запознавањето на вработените со овој закон, со користењето на територијалните структури на ССМ и бесплатната правна помош на ССМ, покажавме дека со вакви заеднички активности може да дојде до висок процент на почитување на Законот за минимална плата. ФАКТОР: ССМ договори минимална плата од 8050 денари, од друга страна вашите пресметки за месечни трошоци покажуваат дека без 500 евра не може да протурка месецот? Јазот е голем? Каков е стандардот на просечниот работник? МИТРЕВСКИ:  Факт е дека денес работниците во РМ се соочуваат со сложена економска состојба, особено онаа категорија на работници која е 14,6% од вкупно вработените или 80.000 работници кои примаат плата до висината на минималната плата. Најголемиот дел од вработените, околу 465.000 вработени, примаат плата над висината на просечната нето плата утврдена во стопанството, а само 3,3 % примаат плата над 30.000 ден. Овие податоци зборуваат дека е потрбен простор да се разговара за подобрување на состојабта посебно на првата категорија и ние од страна на ССМ понудивме пакет мерки посебно за вработените кои примаат плата до 8.050 ден. Според наша проценка, во нив треба да се стават поголем број на социјални бенефити и ослободувања од фискални давачки, вклучување во системот на енергетска сиромаштија и активирање на делот на социјални пакети, од типот на оној за огревно дрво и сл. ФАКТОР: Додека ссм тврди дека е активиран  дијалогот на релација синдикат-влада - бизнис, невладините организации ве повикуваат да излезете на синдикални протести поради, како што велат големата невработеност, сиромаштијата и социјалната несигурност? МИТРЕВСКИ: ССМ аргументирано покажа со факти и докажа дека и во услови на најтешка криза постигнува резултати во унапредувањето на работната легислатива, работничките стандарди и истите се потврдени и верификувани со оглед на се претходно споменато. Анализите на случувањата во однос на она што е присутно во окружувањето и пошироко, покажуваат дека синдикатите и преку социјалниот дијлог во РМ постигнуваат значајни разултати. ССМ и во делот на манифестациите за 1 Мај и дел од обвинувањата за начинот на одбележувањто и натаму го има систиот став, дека не е доволно само еднодневно манифестирање и изразување на незадоволството, туку е потребно целогодишно кампањско работење, работење поврзано со резултати, работење кое реално обезбедува подобрување на состојбите, па оттаму, ги отфрламе сите видови на наметнати ставови и се фокусираме на кампањско работење кое трае во текот на целата година. Како пример за кампањско работење го имаме формирањето на локални економско-социјални совети, воспоставени со цел водење на социјален дијалог и на локално ниво, при што социјалните партнери се договорија економско-социјални совети да можат да се основаат и на локално ниво. Така, до крајот на 2012 година, економско-социјален совет е основан во 5 општини (Куманово, Струмица, Штип, Тетово и Кавадарци), а во постапка се и основање на истите во повеќе други општини. Многу е лесно да се зборува и да се критикува посебно од некои невладини организации кои немаат ниту одговорност, ниту обврска. ССМ е одговорна организација која има обврски спрема членството, одговорност спрема членството и заедно со осумнаесетте грански синдикати, како што претходно хронолошки беше нотирано, ја реализира својата програма и ги остварува своите цели. ССМ не се откажува од протестите и синдикални протести ке има тогаш кога тоа ќе го побара членството, тогаш кога ќе има масовни отпуштања, тогаш кога ќе има намалување на плати, тогаш кога ќе има неисплата на плати, неисплата на придонеси, тогаш кога ќе има зголемена пензиска граница. ССМ се определува да ја развива содржината, а не да му се покорува на формалниот пристап кој го наметнуваат и во кој сакаат да го инволвираат некои структури и невладини организации, кои што, повторно ќе напоменам, ниту активно работеле за подобрување на работничките права, ниту полагаат одговорнот, ниту имаат обврска кон некого. ФАКТОР: Се подготвуваат ли нови законски корекции и решенија што ги засегаат работничките права ? МИТРЕВСКИ: ССМ не случајно во рамките на својата стратегија се залагаше за институционално умрежување во системот на креирање на социојални и економски политики и донесување на закони. Не случајно инсистиравме да биде форм ЕСС кој според своите надлежности претходно ги разгледува сите законски корекции и решенија што ги засегаат работничките права. Оваа стратегија се покажа како позитивна, така што синдикатите веднаш превентивно ја следат состојбата и можат да реагираат за разлика од порано, кога само констатираа или post festum реагираа. Благодарение на овој принцип, сведоци сме на носење на решенија кои одат во прилог на подобрување, а не во прилог на рестрикција. Со учеството и во други органи и тела, будно ја следиме состојбата и не дозволуваме корекции што се спротивни на интересите на работниците.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?