19 Април, 2024
0.0270

ИНВЕСТИЦИИ: Во рикверц – СДИ потонаа на 0,4% од БДП!

Објавено во: Финансии 08 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Во годината во која се срочи “Топ-листа“ на нови странски инвестции, во која се броеа нови вработувања како резултат на отворени работни места во странските погони а статистиката измери најниско ниво на невработеност од 23,4% - СДИ практично како да потонаа. 

Новите податоци на Народната банка покажуваат дека странските директни инвестиции на крајот од третиот квартал изнесувале само 0,4% од БДП. Според дел од економистите и стопанствениците, време е да се размислува за можни промени на сегашните политики за привлекување на странски капитал. Предност да се даде и на домашните фирми.

Доѓаат, користат, заминуваат – кој е вистинскиот ефект од СДИ?

Сегашниот модел на привлекување на странски инвестции е погрешен, пред поради тоа што е нетранспарентен, бидејќи не знаеме колку од нашите буџетски пари завршуваат во џебовите на странците – вели стопанственикот Фатмир Битиќи од Комората на северозападна Македонија. Спред него, освен што државата преку директни субвенции ги поддржува странските вложувања, ја промовира и Македонија како дестинација со евтина работа сила, што е погубно за вкупната економија.

Дополнително, од Комората на севрозападна Македонија остануваат на ставот дека досегашниот концепт на кој се потпираат странските директни иневстции е дискриминаторски за домашните фирми, и затоа е време да се размислува за промени. 

“Политиките за поддршка на домашните компании се дискриминирачки во однос на стрanските кои пак имаат премногу бенефити од даночни олеснувања. Од руга страна јавноста не знес колу изнесува вредноста на тие субвенции. Овие политики влијаат врз креирање на нелојана конкуренција, а пак тоа е еден од главните фактори поради кој домашните добавувачи не можат да влезат во синџирот на понуда на страските компании. Дискриминацијата се препознава уште на стартот, со тоа што домашните компании имаат поголем товар по основ на ДДВ за 18%, и придонеси за плати од околу 40% ,што секако влијае врз нивните цени. Да не ги споменувам другите давачки кон државата. Приватниот сектор е оставен сам на себеси, за да си преживее коклу може и колку умее  без  помош од државата“ – вели Битиќи.

Според новите податоци на Народната банка, во третиот квартал, вредноста на СДИ изнесувала 9,7 милиони евра или само 0,4% од БДП. Ова ниво е најниско во текот на 2016 година. Во првиот квартал, странските инвестции изнесувале 5,1% од БДП а во вториот квартал 1,5% од БДП, со што намалувањето на уделот продолжува и во третиот економски квартал од 2016 година.

И универзитетскиот професор Марјан Петрески смета дека постои нерамноправен третман на инвеститорите, на оние што се надвор од слободните зони во однос на оние што работат во рамките на ТИРЗ. Петрески сепак вели дека целиот концепт дава резултати, но потребни се корекции, одосбено во однос на зголемување на транспартентност на државните субвенции што се даваат на странските иневеститори.

“Веројатно, тој третман во делот на субвенционирањето и не може да биде ист, со оглед дека клучен параметар во делот на субвенционирањето е компанијата која инвестира во ТИРЗ да биде извозно-ориентирана, што многу од домашните фирми тоа не би го задоволиле. Наместо тоа, сметам дека паралелно на овој концепт на привлекување СДИ, владата треба да размисли за модел за подигнување на домашниот приватен сектор, првенствено малите и средни претпријатија. Тој модел да се заснова на субвенционирање т.н. домашна додадена вредност, односно субвенции да добиваат оние фирми кои ќе бидат повеќе поврзани со домашната економија, односно коишто што поголем дел од своите суровини и репроматеријали ќе ги набавуваат на домашниот пазар, и дополнителни субвенции за оние од нив кои ќе постигнат одреден праг на извоз. Значи, врзување на финансиската помош со конкретен параметар (домашна додадена вредност и извоз), наместо истурање пари кај тие фирми без основа“, вели професорот Петрески и додава;

“Субвенционирањето СДИ не е проблематично, меѓутоа износот на субвенционирање треба да е познат, за него да постои консензус дека се согласуваме да се потрошат за таа намена, и да постои прецизна пресметка дека придобивките од СДИ значајно ги надминуваат трошоците што ги прави земјата за нивно привлекување. Да сумирам, постојниот модел на СДИ треба да претрпи корекции во насока на позначајно поврзување на СДИ со домашните фирми и во насока на целосна транспарентност на нивното финансирање“.

Во очекување на конечните податоци за странските директни иневстции во 2016 година, бројките покажуваат дека 2015 заврши со салдо од скоро 203 милиони евра, во 2014 година СДИ изнесуваа 197 милиони евра а во 2013 година 229 милиони евра. Според уделот на СДИ во Бруто домашниот производ, Македонија заостанува во однос на европскиот просек, но и во однос на дел од земјите во регионот. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

ДОБРО РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ МОНЕТИТЕ ОД ДВЕ ЕВРА ШТО ГИ ИМАТЕ ДОМА: Можеби имате вредна паричка од пет илјади евра, а тоа не го знаете

ДОБРО РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ МОНЕТИТЕ ОД ДВЕ ЕВРА ШТО ГИ ИМАТЕ ДОМА: Можеби имате вредна паричка од пет илјади евра, а тоа не го знаете

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ЈУТАРЊИ, ЖИВКО МУКАЕТОВ ОТКРИВА: „Во Хрватска се отвара уште една фирма, за деловните активности на ‚Алкалоид' во Европа“

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ЈУТАРЊИ, ЖИВКО МУКАЕТОВ ОТКРИВА: „Во Хрватска се отвара уште една фирма, за деловните активности на ‚Алкалоид' во Европа“