ИНВЕСТИЦИЈА ОД 10 МИЛИОНИ ЕВРА: Словачка фирма ќе произведува пелети во Македонија
Објавено во: Економија 07 Февруари, 2017
ЈП Македонски шуми и словачката компанија „Холц консалтинг“ денеска потпишаа меморандум за соработка за производство на пелети.
Познато е дека инвестицијата е вредна 10 милиони евра и истата би требало да донесе 500 вработувања.
„Станува збор за производство за пелети кои ќе се изработуваат од отпадот, односно шумскиот и земјоделскиот отпад кој досега не се користеше. Целиот тој отпад кој останува од лозјата, по полињата ќе се собира и ќе се произведуваат пелети. Компанијата покрај производството ќе има и дистрибутивна мрежа“, рече заменик-министерот за економија Христијан Делев.
Поголем дел од суровината ќе биде увезена од САД и од Украина, бидејќи ќе имаат потреба од поголемо производство, односно месечното произведство на пелети ќе биде двапати поголемо отколку домаќинствата во цела Македонија да се загреваат на пелети, појасни Делев.
Од производството на пелетите, за потребите во Македонија, компанијата ќе произведува околу пет до седум проценти, додека другото ќе се извезува во Италија.
Во моментов има потреба од повеќе од девет милиони тони пелети во Македонија.Претставникот на компанијата Хенри Кубичка појасни дека пелетите претставуваат зелена енергија и во однос на нивната искористеност во ЕУ како извор на енергија, таа расте во просек за десет проценти на годишно ниво.
„Ќе изградиме фабрика што ќе ги собира отпадоците од шумите и полињата и ќе произведуваме пелети. Во првата фаза ќе бидат реинвестирани околу 10 милиони евра и ќе вработиме околу 500 луѓе во првите три години од проектот со план за зголемување на оваа бројка во наредниот период. Производството на пелети ќе се користи за македонскиот пазар, но најголем дел ќе се извезува“, истакна Кубичка.