28 Март, 2024
0.0244

iPhone 5 или Samsung Galaxy – кој телефон е подобар?

Објавено во: Стил 08 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Новиот Ајфон или паметниот телегон на Самсунг, која е подобар? Порталот Телефони направи детална анализа на карактеристиките на iPhone 5s и тие на Samsung Galaxy S4. Победник засега нема, но еве дел од заклучоците: Дизајн без свежина Samsung Galaxy S4 стана најпрепознатливиот смартфон на пазарот, со голем број на фанови ширум светот, но компанијата претрпе повеќе критики за малото ниво на иновација и постојаната употреба на пластика.iPhone 5S исто така не се разликува премногу во однос на својот претхoдник, но затоа пак има еден многу важен новитет како скенерот за отпечатоци Touch ID. Функционалност?! Во делот на функционалноста има два сосема различни концепта, Samsung си игра со големините и постојано ги поместува границите на ефикасно искористениот простор, Apple пак не отстапува премногу од почетната филозофија и се задржува на големина на екранот од 4 инчи, но со минимални подобрувања на неговата маска која е потенка и полесна. Galaxy S4 иако има поголем екран во директната споредба воопшто не изгледа како џин во однос на iPhone 5s. Споредба на екранот Некогаш Apple гордо се фалеше со својата Retina Display резолуција која ги постави стандардите високо, но сега тој праг е речиси двојно надминат со Super AMOLED екранот на Galaxy S4 кој има Full HD резолуција, што е многу подобра од iPhone 5s чиј LED-backlit IPS LCD дисплејот има HD резолуција . Во оваа категорија апсолутен победник е Galaxy S4 кој далеку поквалитетна слика. Новиот iOs 7 против богатиот TouchWiz Nature UX Apple по повеќе години направи вистински „ремонт“ на оперативниот систем кој во најновата верзија iOs 7 има целосно променет кориснички интерфејс, нов дизајн и повеќе функционални додатоци за лесен пристап. Samsung продолжува да го збогатува својот TouchWiz Nature UX кориснички интерфејс кој е еден од најквалитетните во Android сегментот и речиси целосно го прекрива софтверот на Google. Камера Samsung Galaxy S4 на хартија има помоќна камера со сензор од 13 мегапиксели, додека пак iPhone 5s се задржа на камерата од 8 мегапиксели, но со нова апаратура која има поголем капацитет за апсорбирање на светлината. На дневно осветлување и двата смартфони вадат слики со висок квалитет, но за нијанса подобро се покажува Galaxy S4 каде има поголем степен на деталност, додека пак iPhone 5s е подобар во ситуации со ограничена светлина. Целосната анализа може да ја прочитате на потралот Телефони.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи