28 Март, 2024
0.0245

iPhone киксна, Епл брои загуби

Објавено во: Стил 26 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Кварталниот профит на американскиот електронски гигант Епл падна поради падот на продажбата на „ајфон“.

Сепак, добивките во секторот услуги пружиле извесна надеж за компанијата во нејзините настојувања да ја намали зависноста од производство на смартфони.

Во фискалниот квартал завршен на 24 септември, добивката на Епл е намалена за 19 отсто, на девет милијарди долари, додека приходите паднале за девет отсто, на 46,9 милијарди долари од 51,5 милијарди долари од истиот период лани.

Таквите резултати воглавно се поклопуваат со пазарните прогнози и покажуваат дека продажбата на „ајфон“ од која Епл остварува најголеми приходи, паднала за пет отсто на годишно ниво, на 45,5 милиони единици.

Генералниот директор на компанијата Тим Кук ги поздрави „вака силните резултати“ од овој квартал, додавајќи дека е воодушевен со „реакцијата на потрошувачи на „ајфон 7“, „ајфон 7 плус“ и „епл воч сериес 2“, како и неверојатниот замаец во секторот на услуги, каде приходите пораснале за 24 отсто, на нов историски рекорд“, се наведува во соопштението.

Најголемата светска компанија по пазарна вредност ја заклучи фискалната година, завршена на 24 септември, со нето профит од 45,7 милијарди долари, и приходи од 215,6 милијарди долари, што се полоши резултати во однос на претходната фискална година.

После објавувањето на бизнис резултатите, акциите на Епл паднале за 2,7 отсто.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи