Ирак ги зголеми резервите на нафта: Што ќе бараат од ОПЕК?
Објавено во: Економија 19 Февруари, 2017
Ирачките резерви на нафта пораснале на 153 милијарди барели што е зголемување во однос на претходните проценки од 143 милијарди.
Ирак ќе побара од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) да ги прифатат новите податоци како официјална проценка на резерви.
Министерот за нафта Џабал ал Луаиби рекол дека овој најнов податок е резултат на истражувања на седум нафтени полиња во централен и јужен Ирак.