Иран пушти во употреба два рудника и фабрика за ураниум
Објавено во: Свет 09 Април, 2013
Во чест на националниот Ден на нуклеарната технологија, Иран денеска пушти во употреба два нови рудника за ураниум и фабрика за збогатување на ураниум.
На церемонијата на отворање на рудниците присуствуваше и иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад.
Рудниците „Саганд 1“ и „Саганд 2“ во градот Јазд се наоѓаат на стотина километри од новиот комплекс за збогатување ураниум во Ардакан - Шахид Резаинеџад, кој има капацитет да произведува годишно 60 тони ураниумов концентрат, односно жолт прав.