Добивај вести на Viber
Иранските власти повторно дозволија пристап го електронската пошта „Gmail“, која нуди бесплатни услуги од Гугл, јавува агенцијата Мехр.
Портпаролот во Министерството за телекомуникации, Мохамед Реза Мири, истакнува дека блокадата на „Gmail“ била ненамерна, а властите само сакале да ги засилат процедурите за пристап кон „YouTube“ по емитувањето на извадоци од спорниот филм во кој се оцрнува пророкот Мухамед.
„За жал сеуште не поседуваме техника за разликување на овие две услуги. Сакавме да го блокираме само „YouTube“, но и „Gmail“ остана блокиран“, изјави Мири.
„Ние несакаме апсолутно никаков пристап до „YouTube“, па Министерството за телекомуникации бара техничко решение за овој проблем. Намерата е „Gmail“ да остане достапен, тврди Портпаролот.