20 Април, 2024
0.0284

Ирска не ги сака парите на Епл-Зошто?

Објавено во: Анализа, Свет 31 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Даноците во вредност од 13 милијарди евра кои Европската комисија одлучи дека Епл треба да ги врати во Ирска, може да ги покријат годишните трошоци на земјата за здравство, да се искористат за изградба на 100 илјади домови за сиромашните или да платат дел од државниот долг. Зошто тогаш владата на Ирска не ги сака парите на Епл?

Ирскиот министер за финансии Мајкл Нунан во вторникот вети дека ќе ја обжали одлуката на ЕК, што може да предизвика најбогатата компанија во светот да плати барем 13 милијарди евра, што е над два пати повеќе од сите платени корпоративни даноци во земјата во 2015 година, пренесе Bloomberg. Тој се спротивстави на пратениците од опозицијата, кои рекоа дека Даблин треба да ги прифати парите. Влогот за владата сепак е доста повисок.

Корпоративниот даночен режим на земјата е камен-темелник на нејзината економска политика, привлекувајќи компании како Google и Facebook во Даблин. Дури и кога Ирска беше принудена да бара меѓународен спасувачки заем пред шест години, таа го издржа притисокот да ја промени даночната политика кон компаниите. Иако одлуката за Apple не ја загрозува директно даночната стапка од 12,5%, владата вети дека ќи ги остави во земјата извршните директори, кои според него и помагаат на економијата.

Епл и Ирска ги негираат обвинувањата и велат дека никогаш не била склучена преференцијална зделка. Производителот на iPhone е еден од 700-те американски компании со канцеларии во земјата, кои вкупно имаат креирано вработување на 140 илјади лица, покажува Американската стопанска комора во Ирска.

За Епл обврските се капка во огромниот океан од пари. Минатиот месец Apple имала 232 милијарди долари, а 214 милијарди долари се држат надвор од САД. Компанијата генерирала околу 4,45 милијарди долари месечно минатата година, па казната реално ја претставува нејзината добивка за три месеци.

„Станува збор за нашиот углед“, рече Питер Веил, даночен партнер во „Grant Thornton Ireland“ во Даблин. „Не правото е самиот проблем, туку заклучокот дека Ирска е вмешана во некоја чудна активност околу даноците, идејата дека нудиме специјални трансакции и сл“.

Владата продолжува да тврди дека дури и ако ги прифати парите, согласно европските правила ќе треба да ги искористи парите за да отплати дел од државниот долг во износ од 180 милијарди евра наместо да го финансира буџетот. Сепак, со оглед на Западното здравство на Ирска, има повеќе притисок владата да го смени курсот. Опозициската партија Шин Фејн вели дека владата не треба да ја обжали одлуката, нарекувајќи ја идејата за „фарса“.

Владата „активно ќе се обиде да го избегне обновувањето на даночни приходи што се должат на ирскиот народ“, рече Март Мапи, член на Шин Фејн во Европскиот парламент. „Нема причина да се жали одлуката против овој договор, а владата треба веднаш да ја исклучи жалбата како опција“.