ИСЕЛУВАЊЕ: Заминуваат во земја каде ќе работат по 12 часа за 500 евра
Објавено во: Балкан 17 Ноември, 2017
Жител на Бања Лука на социјалните мрежи се пожали за тажната слика која ја видел на автобуската станица во својот град.
„Скоро 200 млади сакаат да заминат во Словачка каде ќе работат по 12 часа дневно за 500 евра. За тоа време нашите политичари расправаат дали 9 јануари ќе биде празник, ќе се признае ли Косово, ќе има ли референдум. А мојот пријател Јасмин трепери од страв затоа што не знае што го чека и плаче затоа што мора да ја остави болната мајка “ - пишува на Фејсбук, Божидар Михајловиќ.
Масовно иселување во Средна Европа има од целиот регион.