ИСИС го уби рускиот генерал Асапов
Објавено во: Свет 25 Септември, 2017
Руското министерство за одбрана соопшти дека полковник-генералот Валериј Асапов е убиен во Сирија при напад со минофрлачи од припадници на џихадистичката организација ИСИС во градот Деир ез-Зор.
Генералот Асапов бил советник на сириските борци кои се против џихадистите и е досега највисок воен офицер кој е убиен во Сирија. Со тоа бројката на руски војници кои загинаа во Сирија се искачи на 37.
Тој беше командир на 5-тата Армија на руската источна воена областа, една од четирите стратешки команди на Руските вооружени сили. Оваа војска е базирана во крајниот исток на Русија, во градот Усурјуск, на околу 100 километри од Владивосток.
Генерал Асапов ќе биде одликуван постхумно.