28 Март, 2024
0.0264

Почнува Last Minute Sale во Скопје сити мол

Искористете го продолжениот викенд, дојдете во Скопје сити мол на шопинг, ве очекуваат попусти и до 70 отсто

Објавено во: Мои пари 18 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Од 19 јануари па се додека има залихи, Скопје сити мол ја организира шопинг манијата наречена Last Minute Sale. Облека, накит, обувки, спортска опрема, модни додатоци, бела техника, со еден збор сè што сте посакувале да го иматеи е дел од актуелните колекции, ќе можете да го добиете по намалена цена, со попусти до дури 70%. Со оглед дека почетокот на акцијата се поклопува со продолжениот празничен викенд, тоа дава можност деновите да бидат искористени најубаво – во шопинг. Но не обичен, туку таков каде поради големите попусти, со ист буџет ќе може да дојдете не до едно, туку до неколку парчиња облека или други производи. А нема поубаво чувство од тоа да се купи нешто што се посакува, што веќе подолго време е на листата на желби, што ќе ни го разубави денот и што нè прави среќни. И тоа по неверојатно ниски цени поради што на пример, наместо едно или две, ќе можете да купите четири или пет парчиња квалитетна облека од актуелните колекции.

„Водејќи се по пазарните правила според кои најголемите попусти во најреномираните трговски центри насекаде во светот се на крајот на јануари и почетокот на февруари, Скопје сити мол веќе неколку години, во координација со закупците, во овој период ги промовира последните намалувања на цените од последната колекција. Акции со големи попусти се нешто што се организира два пати во текот на годината, а Last Minute Sale претставува акција со која се заокружува сезоната која изминува и на посетителите им се овозможува по неверојатни цени да дојдат до посакуваното парче облека, чевли, моден додаток или друг производ, вели Дарко Панчевски, од маркетинг секторот на Скопје сити мол.

Во текот на шопинг еуфоријата која ќе трае се додека има залихи, односно до нивна распродажба, попусти и до 70 отсто посетителите ги очекуваат во речиси сите продавници на големиот трговски центар. New Yorker, LC Waikiki, Fashion & Friends, Tom Tailor, ALDO и многу други познати брендови кои имаат продажни места во Скопје сити мол, на посетителите ќе им овозможат да одберат некој производ и да ја дополнат својата гардероба бидејќи убаво парче облека, чевли или додатоци никогаш не се отповеќе. И тоа не било какви производи, туку брендови чиј квалитет гарантира дека не само оваа, туку и следните сезони ќе бидете убаво облечени.

Last Minute Sale едноставно е одлична можност за сите, што не треба да се пропушти. Без разлика дали сте млади или повозрасни, Скопје сити мол со својата големина и бројот на продавници е место каде секој може да најде по нешто што му е потребно. А кој би одолеал ако тоа може да се купи на попусти тоа до 70 отсто

Можеби ќе ве интересира

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија