ИСКУСТВО ОД РЕГИОНОТ: Полесно до работа без школо, отколку со диплома
Објавено во: Балкан 25 Септември, 2017
Една од земјите во регионот стана земја на услужни дејности.
Во Хрватска туризмот сочинува 20% од БДП.
Во последните 13 години намален е двојно бројот на невработени без или со низок степен на образование.
Но, бројот на невработени со диплома е зголемен.
Во 2004 година имало 21.000 невработени без основно образование, а во 2017 година тој број е 12.400.
Пред 13 години невработени само со завршено основно имало 71.000, а денес се 42.000.
Во иднина се очекува да се зголеми потребата на лица за чување на стари, за уредување на градини и слично.
Експерите во оваа област велат дека денес Хрватска е деиндустријализирана.