„Исламска држава“ планирала напад на НАТО базата „Инџирлик“
Објавено во: Балкан 04 Јануари, 2017
Блискоисточната радикална група „Исламска држава“ подготвувала терористички напад на распоредената база на НАТО во Турција Инџирлик, пишува весникот Rai al-Youm, цитирајќи извор од ирачките судски кругови.
Информацијата е добиена од фатен член на терористичката организација, инженер по електроника, кој работи за „Исламската држава“, и кој признал за планирање на нападот врз воената база.
Терористот по име Абу Осама завршил универзитет во ирачкиот Мосул и се приклучил на редовите на џихадистите, откако градот беше заземен од терористичката група.
Тој открива дека му било наложено да патува до Турција како обичен човек, за да подготви план за напаѓање на Инџирлик, користејќи ја неговата специјална експертиза.
Абу Осама сепак бил уапсен на меѓународниот аеродром „Ататурк“, а подоцна бил предаден на Багдад.