20 Април, 2024
0.0281

„Исламска држава“ сè уште не е мртва, но сонот за калифатот се распаѓа

Објавено во: Свет 19 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Нејзиниот „калифат“ имплодира, нејзините де факто престолнини во Ирак и Сирија паднаа и стотици од нејзините борци или се предадоа, или бегаат. 

Џихадистичката група „Исламска држава“ може и да не е сеуште мртва, но нејзиниот сон за државност веќе е погребан, велат аналитичарите. 

-Никој од „ИД“ сегга нема да размислува за наметнување на „територијата на калифатот“- , рекол Хишам ал-Хашеми, ирачки специјалист за екстремистички движења. 

Во 2014 година самопрогласениот „калифат“ на  ИД Абу Бакр ал-Багдади управуваше околу 7 милиони лица на територија голема колку Италија, заземајќи големи делови од Сирија и Ирак.

Оваа нова „територија на исламот“ - Дар ал-Ислам на арапски - привлече илјадници џихадисти од целиот свет, од кои многу беа придружувани од нивните жени и деца. Градот Рака стана де факто сириска престолнина, а Багдади се појави јавно во џамија во Мосул, вториот по големина град во Ирак и до неодамна најголемиот трговски центар во Блискиот Исток. Во сите градови под контрола на џихадистичката група над зградите на новата администрација се вееше црното знаме на ИСИС.

Судовите, болниците и другите официјални институции дури издаваа и родени или брачни сертификати, како и пресуди и други службени документи за лична карта. Но помалку од 4 години по офанзивата која го растресе светот, ИД изгубила поголем дел од територијата која ја контролираше, и во која имаше пристоен приход од нафтени полиња, со кои ги финансираат своите активности. 

„Во текот на неодамнешните битки, особено кај оваа за Мосул беа убиени огромен број џихадисти“, рекол Кирк Соул, издавач на „Inside Iraqi Politics“. „По овој пораз, многу други се предадоа или само избегаа од земјата или се обидеа да се мешаат со населението„. 

Според предводената од САД коалиција, коа се бори со ИД , џихадистите изгубиле 95% од прекуграничниот калифат кој го прогласија во 2014 година а по изложувањето на такви тешки загуби, дури и нешто да е останато од ИД , не може да размислува да се врати „на идејата за воена и административна контрола на територијата“. А групата која е притисната во Ирак на „четири проценти од територијата“ без население, се наоѓа по најлесните за преминување граници со Сирија, каде што таа е блокирана и се наоѓа во постојано Затегнат обрач.

Покрај сириските и ирачките армии, останатите џихадисти се соочуваат со повеќе сили поддржани од Русија, САД или Иран, честопати во спротивност меѓу себе поради нивните различни регионални интереси. 

„Проектот калифат се соочи со геополитички реалности“, вели Карим Битар од Парискиот институт за меѓународни и стратешки прашања. Како резултат на тоа, меѓународната џихадистичка галаксија, најверојатно, ќе се врати во својата поранешна стратегија за де-територијализација и ќе се врати на удар против „далечниот непријател“ на Запад или Русија, за да покаже дека мора да продолжи“ , додаде тој. Веќе постои организација подготвена да го заземе местото кое е опустошено.

ИД се роди од пепелта на Исламската држава на Иран и Леванте и Ал Каеда пред тоа, и Хашеми смета дека иако "калифатот" исчезнува во пламен, нова организација почнува да се оформува. 

„Повеќето ветерани од ИД и Ал Каеда во Ирак сега се регрупираат во Сирија“, каде џихадисти се уште држат под контрола многу области, вели тој. Овие борци - „најмногу се индоктринирани и дисциплинирани“ - од септември ја оформуваат групата „Ансар ал-Фурка“, предводена од Хамза бин Ладен - син и можен наследник на Осама бин Ладен. Младиот Бин Ладен стана активен како пропагандист на Ал Каиса по смртта на неговиот татко од рацете на американските командоси во 2011 година во Пакистан. Во јануари САД го додадоа Хамза бин Ладен кон црната листа на терористите. Татко му може и да е мртов, но името Бин Ладен продолжува да ги привлекува оние кои сакаат да се борат“, смета Хашеми.

Можеби ќе ве интересира

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски