25 Април, 2024
0.0275

Испи отров во Хашкиот трибунал по пресудата - Праљак почина во болница

Објавено во: Балкан 29 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Починал Слободан Праљак, кој за време на денешното рочиште пред Хашкиот трибунал, по потврдувањето на 20-годишната затворска казна, испи шишенце со течност, за која беше кажано дека е отров.

ХРТ ја објави оваа вест повикувајќи се на извори од семејството, но не прецизираше кој е изворот.

Хрватската новинска агенција ХИНА  објави дека поранешниот началник на главниот штаб на Хрватскиот совет за одбрана Слободан Праљак починал во болницата во Хаг.

Откако Жалбениот совет на трибуналот ја потврди пресудата, Праљак стана и рече: „Генерал Праљак не е воен злосторник и со презир ја отфрлам вашата пресуда“- по што го испи шишенцето.

Хашкиот трибунал денеска правосилно ги потврди долгогодишните затворски казни за претставници на босанските Хрвати, предводени од Јадранко Прлиќ, за воени злосторства врз муслиманите во Босна и Херцеговина во 1993 и 1994 година.

Жалбениот совет на трибуналот ја потврди првостепената пресуда дека Хрватска била вмешана во војната во БиХ и дека првиот претседател на независна Хрватска, Фрањо Туѓман бил дел од здружениот злосторнички потфат заедно со челниците на „Херцег-Босна“.

Можеби ќе ве интересира

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“