28 Март, 2024
0.4580

ИСПЛИВАА ДЕТАЛИ ЗА УБИСТВОТО НА БРАТОТ НА КИМ: Се траело само 5 секунди!

Објавено во: Свет 17 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Атентатот на Ким Џон нем , полубратот на водачот на Северна Кореја, траел само пет секунди, открија снимки од безбедносните камери на аеродромот во Куала Лампур, а неговите убијци тврдат дека не знаеле дека ќе го убијат.

Џонх нем, син на покојниот севернокорејски диктатор Ким Џонг ил, го нападнале две жени на меѓународниот аеродром во Куала Лампур додека го чекал летот за Макао, каде живеел во егзил.

Една жена застанала пред него и му привлекла внимание, додека друга го фатила со рака околу врат од зад грб, а потоа лицето му го испрскала со токсичен спреј. Потоа двете избегале. На Ким набрзо му се слошило и побарал помош, а починал на пат од аеродромската амбуланта до болницата Путрајаја.

Со помош на снимката од аеродромот, полицијата ги идентификувала и фатила двете атентаторки-Доан Ти Хуонг (28) и Сити Аисјах (25). Фатен е и партнерот на Сити, Мухамед Фарид Бин Јалалудин. Се верува дека во нападот биле вклучени шест лица.

Извори блиски до истрагата рекле дека шестмина напаѓачи не се познати од порано, но дека сите ги регрутирало исто лице.

Според началникот на посебното одделение на сојузната полиција на Малезија Датук Сери Мохамед Фузи Харун постојат причини за сомнение дека атентатот е дело на странски разузнавачи.

Хуонг и Аисјах и рекле на полицијата дека верувале дека нападот всушност е шега, и не знаеле дека на мета е синот на севернокорејскиот диктатор. Двете тврдат дека се согласиле бидејќи им се ветени 100 долари по завршената работа.

Ким Џонг нем претходно двапати беше мета на атентат, во 2010 и 2011. После вториот напад, го молел својот полубрат, Ким Џонг ун, него и неговото семејство да ги остават на мира.

Можеби ќе ве интересира

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин

ШТО СЕ СПРЕМА: Киргистан ги повика своите граѓани да не патуваат во Русија

ШТО СЕ СПРЕМА: Киргистан ги повика своите граѓани да не патуваат во Русија