Истанбул е магнет за странците во Турција
Објавено во: Свет 26 Декември, 2012
Годинава, поточно изминатите 11 месеци Турција ја посетиле над 30 милиони странски туристи, покажуваат податоците на турското Министерство за култура и туризам. Ова е за половина процент повеќе во однос на истиот период лани.
Според податоците кои ги има Министерството, само во ноември пристигнале два отсто повеќе странци во споредба со истиот месец 2011 година.
Најмногубројни се туристи од Германија и од Русија, а Истанбул е најпосакувано место за посета од страна на туристите. Вкупно 44, 61 отсто од туристите во 2012 година го посетиле градот на Босфор.