Исти минимални плати во ЕУ - дали е можно?
Објавено во: Економија 19 Март, 2017
Министри од земјите-членки на Европската унија се изјаснија за воведување на минимална европска плата во сите земји-членки.
Ако минималната плата се покачи во посиромашните земји, тоа може да доведе до раст на невработеноста.
Министри од седум земји-членки на Европската унија, веќе се изјаснија за воведување на минимална европска плата во сите земји-членки.
Соседна Бугарија ја има една од најниските плати во заедницата.
Минималната плата во Бугарија е 460 лева, што е еквивалентно на малку повеќе од 235 евра.
Во Франција минималната плата е 1480 евра.
Во Германија таа е скоро 1500 евра месечно. Во Романија минималната плата е еднаква на 321 евра.Грците примаат минимална плата во износ од 863 евра.