25 Април, 2024
0.0292

Источна Европа се соочува со недостиг на работна сила

Објавено во: Анализа 14 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Додека двоцифрената невработеност им создава сериозни проблеми на Шпанија и Грција, бизнисот во Централна и Источна Европа има други проблеми. Чешкиот претприемач Збинек Фролик произведува специјални болнички кревети и побарувачката е толку голема што веќе има потреба од втора фабрика. И иако останатите сфери на економијата во Чешка просперираат, тој не може да го ги најде потребните работници, пишува „Bloomberg.

„Едноставно има огромен недостиг на работна сила“, вели Фролик кој ја преобрати компанијата „Linet“ во глобален лидер со годишен обрт од 240 милиони долари. „Во оваа фаза само сакам работоспособни луѓе кои сакаат да работат“, вели тој.

Ова сценарио се разигрува во целиот регион од балтичките држави до Балканот, каде евтината работна сила и недопрени пазари привлекоа десетици милијарди евра инвестиции по падот на Железната завеса. Тоа предизвика брз раст и подобрување на животниот стандард, особено по проширувањето на Европската унија во 2004 година . Денес намалување на невработеноста и емиграцијатата ги вадат на виделина ограничувањата на т.н.. „low cost“, или нискобуџетен модел на раст.

Политичарите предупредуваат за висок недостаток на работна сила, но причините во секоја земја се различни. Во Чешка пример третата економија со најбрз раст во ЕУ и најниска невработеност доведоа до голем недостиг на вработени.

Во Словачка - најголемиот производител на автомобили по глава на жител - компаниите се отежнуваат да најдат професионалци во индустријата, дури и кога „Jaguar Land Rover Automotive Plc“ се подготвува да гради четврта фабрика.

Во Унгарија и Полска проблемот се продлабочува поради младите кои емигрираат кон Велика Британија и Германија, каде што платите се повисоки.

Превирањата на глобалните пазари доведоа до поевтинување на полската злота со 5,2%, а на унгарскиот форинт - со 0,8% во однос на еврото во последните 12 месеци. Иако поевтинувањето им помага на извозниците да останат конкурентни, економистите велат дека зависноста од слабата валута не е добра долгорочна стратегија за раст.

Постојат два начини за справување со проблемот во краткорочен план, смета Радомир Јац, главен економист на чешката единица за управување со средства на „Assicurazioni Generali“. Едниот е увоз на работна сила или нагло зголемување на платите и оддалечување од моделот на раст генериран од производствениот сектор. Појасна слика за претставување на регионот ќе има во петок, кога Полска, Унгарија, Словачка и Романија ќе објавуваат податоци за растот на БДП во четвртиот квартал.

„Централна Европа има потреба од нов економски модел кој не зависи толку многу од извозот и автомобилската индустрија“, вели Јац. „Овие економии треба да се прошират и да почнат да произведуваат производи со додадена вредност“, вели тој.

Полска, најголемата економија во регионот, која се зголеми на 545 милиони долари на крајот на 2014 година од 65 милиони во 1990 година, се обидува да ги постигне и двете. Невработеноста падна на 7,1% во декември, што е најниско ниво од 2008 година и под 20-те проценти пред да се приклучи кон ЕУ, покажуваат податоците на Евростат.

Слободните работни места се околу 73 200 во третиот квартал, што е 22% повеќе во споредба со една година порано. Компаниите ги зголемуваат платите, а платите се зголемија повеќе од двојно од 2004 година досега и достигнуваат средна годишна вредност од 32 446 злоти (8 222 долари). Тоа ги тера некои инвеститори да се насочуваат кон поевтини држави на исток. Други фирми увезуваат работна сила од Украина.

Во Чешка ситуацијата е слична, а таму економијата порасна за 4,7% во третиот квартал, а во декември невработеноста е 4,5% - најниска во ЕУ заедно со Германија.

Откако Асоцијацијата на чешката индустрија ги повика властите да помогнат за изнаоѓање на 150 000 вработени, кои ќе бидат потребни оваа година, владејачката коалиција се согласи да се поедностави процесот за издавање на работни визи.

Недостатокот на работна сила надвор од главните градови Варшава, Прага и Будимпешта ги трансформира градовите, кои страдаа за време на транзицијата од централизирана кон пазарна економија. Пример е унгарскиот Татабанја со 70 000 жители на околу 60 километри западно од Будимпешта. Во 90-тите години, градот доживеа скок во невработеноста откако неконкурентни мини фабрики пропаднаа. Денес компанијата за тротоарите „Graboplast“ го утврдува производството таму.

Премиерот Виктор Орбан ги отфрли препораките да ја насочи економијата кон услужниот сектор. Властите имаат намера да го ограничат приемот во универзитетите и да ги насочуваат учениците кон трговски училишта, за да се стабилизира позицијата на Унгарија како една од „најпознатите индустријализирани европски држави“.

А сепак тоа ќе биде тешко, откако стотици илјади луѓе емигрирале на Запад. Постојат околу 50 000 испразнети работни места во автомобилската индустрија, посочува Ласло Далај, директор на компанијата за селекција на персонал „Manpower“. Дури најголемиот индустриски конгломерат „Videoton“ треба да ги укине платите, да ги стимулира вработените да работат повеќе и да стане поефикасен.

„Системот е проширен“, вели главниот извршен директор на „Videoton“ Ото Синко. “Во пракса секој кој сака да работи, веќе има работа“, додава тој.