Истражителот на СЈО е приведен
Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2016
Истражител на Специјалното јавно обвинителство кој бил во УБК вечерва е приведен.
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева во интервју на Телма кажа дека ќе замине да види што се случува со истражителот кој е избркан од МВР, затоа што требал да го чека експертот кој може да влезе во компјутерскиот систем, но во меѓувреме друг истражител е приведен во полициска станица Беко.
Се очекува Јанева да даде изјава за неговото приведување.