25 Април, 2024
0.0282

Италија и Шпанија во криза, Прада и Зара бројат милијарди

Објавено во: Свет 20 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Зголемената побарувачка за луксузни модни артикли во економиите во развој создаде три нови милијардери и тоа од земјите најзафатени од кризата во еврозоната, пишува Блумберг. Состојбата на сметката на Сандра Ортега Мера, ќерката на најбогатиот човек во Европа Амансио Ортега, се проценува на 1,1 милијарди долари. Сандра (барем засега) има само 1% од компанијата-сопственик на шпанскиот ланец за облека Зара. Додека невработеноста во Шпанија скокна над 25%, акциите на компанијата пораснаа за речиси 60% од почетокот на годината. Богатството на Марина Прада и нејзиниот брат Алберто Прада Бјанка - внуците на основачот на истоимената модна империја Марио Прада, се проценува на 2,6 милијарди долари. Од почетокот на годината акциите на компанијата се поскапеле за 75% на берзата во Хонг Конг, додека бруто домашниот производ (БДП) на Италија се очекува да се намали за околу 2,4% во текот на оваа година. „Овие компании нема што да добијат од лошиот пазар во родните земји", коментира Рахул Шарма, управен директор на консултантската компанија „Neev Capital“. „И за двете компании успехот во Европа се должи на нивната способност да обезбедат нови трендови на своите клиенти. Кога клиентите мислат дека гледаат нешто различно и интересно за нив, важноста на цената се намалува. Во Азија овој ефект се множи неколкупати кога производот изгледа егзотичен ", додава тој. Засега тројцата нови милијардери не се во ниту една од светските листи. Освен тоа и тројцата одбиваат да ја коментираат личната состојба. Додека состијбата со кризата во нивните земји Италија и Шпанија се влошува, акциите и на двете модни империи одат нагоре поради зголемената побарувачка на нивните производи во Кина, Бразил и другите растечки економии. Цените на Зара на пример, се исклучително примамливи за клиентите кои бараат квалитетна, но достапна мода. Во првата половина на 2012-та,  беа отворени 166 нови продавници на синџирот во стотина градови, од кои 32 се во Кина. Во септември беше пуштена и он-лајн продавницата на брендови за Кина. Во првата половина годинава, профитот на компанијата се зголеми за 32% до 944 милиони евра, а приходите од продажба се зголемија за 17 % до 7 милијарди евра како последица од експанзијата. Прада исто така се насочи кон кинеските корисници и ја искористи совршено нивната желба за луксузни стоки. Компанијата, минатиот месец соопшти дека профитот за првата половина на годината се зголеми за речиси 60% до 289 милиони евра, а приходите им пораснаа за  19%,  додека само во Азија приходите од продажбата скокна за високи 45%. Марио Прада својата прва луксузна продавница ја отворил во Милано во 1912 година, во која  нудел патни куфери, кожени чанти и други кожни додатоци. Во 1919 година Прада станува официјален снабдувач на кралското семејство на Италија. До 1970 година овој бренд се вброи меѓу водечките во светски рамки. Сандра, Марина и Алберто претпочитаат да не се појавуваат во јавноста. Освен тоа, Сандра Ортега не е директно вклучена во управувањето на компанијата. Наследниците на Марио Прада пак се консултанти во модната империја.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови