Италија одбива да плаќа придонеси во ЕУ поради мигрантите
Објавено во: Свет 26 Октомври, 2016
Италија нема да плати годишна рата во буџетот на Европската унија, доколку земјите членки продолжуваат да го саботира земањето на мигранти. Ова предупредување го упати премиерот Матео Ренци во интервју за националната телевизија RAI.
Ренци го осуди недостатокот на солидарност од земјите членки на ЕУ во врска со миграционата криза. Земји како Унгарија и Словенија го читаат моралот на останатите членки по прашањето за миграцијата, не помагаат, а пречат, а на крај дури сакаат од вкупните пари.
„Наместо да ги отвораат устите, тие треба да ги отворат своите паричници“, категоричен е италијанскиот премиер.
Според зборовите на Ренци целата ситуација е неприфатлива под услов неговата земја дава 20 милијарди евра годишно во буџетот на ЕУ, а добива назад 12.
Тој ги отфрли критиките на Брисел за однапред поставените цели за дефицитот и долгот. Италија има потреба од дополнителни буџетски трошоци за околу 4 милијарди евра, со чија помош да се справат со огромниот миграционен бран.
За десетте месеци од 2016 година на Апенините по море дошле над 150 илјади мигранти што е речиси колку пристигнатите за целата 2015 година. До крајот на годината нивниот број најверојатно ќе се доближи до рекордни 170 илјади регистрирани во 2014 година.
Според Ренци во 2017 година неговата земја не може да продолжи да прима ист број мигранти како во последните 3 години. Тој беше категоричен дека миграцискиот проток треба да биде ограничен до март, без да специфицира што ќе преземе неговата земја, ако тоа не се случи.
Само за земање на мигранти минатата година Италија потрошила 1 милијарда евра, а оваа година износот може да достигне 1,5 милијарди.