23 Април, 2024
0.1602

Италија стравува од терористички напади на џихадисти од Албанија

Објавено во: Свет 08 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Дневниот весник „Ла Република“ под наслов „Тероризам, знамиња на ИД се веат во албанските села“ оценува дека Албанија е нова колевка на ИД и главна закана за нивната безбедност бидејќи повратниците од Сирија може да извршат џихадистички напади во Италија базирано на информации добиени од тајните служби.

- Момчиња од селата Лешница, Загорци и Ремен, се оние од кои денес се тресе Европа. Најопасен од нив беше Алмир Даци, по потекло од Лешница, кој раководеше со џамијата во која се радикализирани многу лица. Алмир Даци, се тврди, дека загинал во Сирија, наведува весникот.

Написот поткренува сомненија дека многу Албанци живеат во регионот на Пулија и оти претставуваат ризичен фактор за жителите во тој регион.

- Еден од нив беше Ервис Алиња, кој уште како дете емигрирал со своето семејство во Пулија. Пред извесно време тој се врати во Албанија каде се радикализира и замина за Сирија каде е и убиен, наведува весникот.

Но, не само толку, бидејќи радикализираните Албанци, според весникот, доаѓаат и од југоисточниот дел на Албанија. Во написот се наведува дека тие се експоненти на албаскиот криминалитет, кој е активен  во подрачјето на Бари во недозволената трговија со оружје и дрога.

Исто така весникот тврди дека повеќе џихадисти Албанци имаат силни врски со лидерот на ИД Ал Багдади.

Одговарајќи на многуте коментари на граѓани на неговиот профил на Фејсбук, албанскиот премиер Еди Рама написот го оценува како голема лага.

- Тоа е една голема лага, но што да се прави, така оди оваа работа, кој не чита весници не се информира, а кој чита се дезинформира, пишува Рама.


Можеби ќе ве интересира

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството