ИТАЛИЈАНСКИ РЕГИОНИ САКААТ НЕЗАВИСНОСТ: Берлускони ги поддржува
Објавено во: Свет 18 Октомври, 2017
Поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони го поддржува одржувањето на референдумот за независност на Ломбардија, но вели дека не знае дали тој лично ќе може да гласа.
Тој дава поддршка на регионите Ломбардија и Венета кои в недела ќе гласаат на референдум.
Берлускони вели дека чека одговор од својот адвокат дали ќе може да гласа.
Досега тој гласаше во Милано, но сега е префрлен во Рим, и тоа може да создаде проблеми.
Двата региони се надеваат дека ќе имаат поголема контрола на даноците, финансиите и носење на одлуки за имиграцијата.