19 Април, 2024
0.0307

Италијанско катче свечено отворено во библиотеката на меѓународното училиште „НОВА“

Објавено во: Мои пари 01 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Во просториите на гимназијата „НОВА“ вчера (31 јануари) во присуство на италијанскиот амбасадор, неговата екселенција Карло Ромео; културното аташе на италијанската амбасада, госпоѓата Кармелита Далесио; директорот на меѓународното училиште „НОВА“, господинот Виктор Новаковски; како и професорките по италијански јазик Соња Стојковиќ и Маја Грнчароска и нивните ученици, беше отворено италијанско катче во рамки на библиотеките на „НОВА“.

Новото катче ќе го збогати книжниот фонд на библиотеките на основното и средното училиште за повеќе од педесетина наслови на италијански јазик. 

Оваа донација,  финансирана од министерството за надворешни работи на Италија, е продолжување на соработката помеѓу „НОВА“, италијанската амбасада и институтот „Данте Алигиери“ со кој од минатата година во оваа образовна институција почна да се изучува италијанскиот на ниво на мајчин јазик.

Сега учениците кои ја посетуваат наставата по италијански јазик ќе имаат можност да го продлабочат своето знаење преку достапноста до најновата литература.

Изучувањето на италијанскиот јазик во меѓународните училишта „НОВА“ се одвива според европските стандарди за изучување на јазиците, а воедно на сите ученици им се достапни и предметите по италијански јазик кои се во рамки на програмата по меѓународна матура – International Baccalaureate (IB).

Можеби ќе ве интересира

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ