Италијанско планинско село нуди 2000 евра за оние кои ќе се доселат
Објавено во: Балкан 08 Мај, 2017
Италијанско планинско село Бормид на граница со Хрватска нуди 2000 евра за оние кои ќе се доселат.
Велат дека имаат чист воздух, но не се предалеку од морето.
За да ова село не биде село на духови, се даваат по 2000 евра на оние кои ќе се доселат.
Селото има 394 жители, а секој кој ќе одлучи да се врати ќе плаќа кирија од симболични 50 евра.
Градоначалникот Даниеле Џалиано сака да ги врати младите во селото, затоа што се иселуваат во потрага по подобар живот.
Веќе од следната година секој нов жител на селото ќе добие по 2000 евра.