Италијанско село се забарикадира против мигранти
Објавено во: Свет 26 Октомври, 2016
Село во северна Италија подигна барикади од палети по патните правци, за да се спречи влегувањето на автобус со 12 мигрантки, кои требаше да бидат сместени во хотел, пренесе Франс прес.
Тоа биле мигранти од Нигерија, Гвинеја и Брегот на слоновата коска.
На крајот жените биле распределени во соседните општини.
На италијанските брегови оваа година пристигнале близу 155 000 луѓе и земјата е принудена да ги насели илјадниците новодојдени. Во последните неколку дена е преоптоварен згрижувачкиот систем - 168 000 се сместени споредбено со 103 000 на крајот на 2015 година
Во саботата властите на Ферара, меѓу Венеција и Болоња во Северна Италија, биле известени за претстојното пристигнување на нов контингент во покраината, која веќе има усвоено 800 имигранти.
Во недостаток на други опции бил резервиран хотел за прием на дваесетина жени и деца. Селото со население од 700 луѓе е едно од ретките села во покраината, кои досега не се прифатиле мигранти.