ИТД Дистрибуција им подари смарт телефони на матурантите од домот 11 Октомври
Објавено во: Мои пари 25 Мај, 2017
ИТД Дистрибуција, пријатно ги изненади матурантите и полуматурантите од домот за деца без родители 11 Октомври.
Претставници од компанијата присуствуваа на традиционалната матурска прослава
која се одржа во домот и на овогодинешната генерација матуранти и полуматуранти
им подарија Gigabyte GSmart Elite
мобилни телефони.
“Со овој наш скромен
гест, се обидуваме на овие деца им обезбедиме незаборавни мигови во период кој
за нив е многу важен. Нашата компанија
ги продолжува општествено-одговорните активности планирани за оваа година, кои
имаат за цел да им помогнат и да ги подобрат условите за живот на најранливата
категорија- децата”, велат
претставници од ИТД Дистрибуција.
Компанијата изминатиов период реализираше низа на општествено одговорни
активности, меѓу кои беа и донација на лаптопи и покривање на трошоци за
патување на меѓународен фестивал во Италија токму за домот за деца без родители
11 Октомври.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.